05 Мај, 2024
0.0247

Како најголемиот македонски текстилен комбинат „Тетекс“ прави пари?

Објавено во: Економија 27 Август, 2018

Добивај вести на Viber

„Тетекс“ од дивиденди во фирмите каде поседува акции и удели добил дивиденда од 708.600 евра. Тие пари учестуваат со 97 отсто во добивката на „Тетекс“ за првото полугодие. Оперативната добивка од дејноста учествува со помалку од 3 отсто во полугодишниот профит на најголемата и најпозната македонска текстилна компанија. Дивидендата донела повеќе пари на „Тетекс“ од целата полугодишна продажба на домашниот пазар

Најголемиот македонски текстилен комбинат за првите шест месеци годинава има добивка од 725.000 евра и таа е за 13 отсто повисока од добивката што ја оствари во истиот период лани. Специфично за „Тетекс“ е тоа што главните пари од неговата добивка не се од дејноста, туку од дивиденди од неговите стекови во други компании, покажуваат податоците од неконсолидираниот финансиски извештај.

За првите шест месеци „Тетекс“ има оперативна добивка од 16.400 евра и тоа е помалку од 3 отсто од неговата добивка. Другите 708.600 евра се пари од дивиденди, а тоа го потврдува и официјалниот податок од паричниот тек каде се гледа дека „Тетекс“ во првата половина од годинава има прилив од дивиденда од 711.000 евра и тој е поголем од истиот период лани за 20 отсто односно за 118.200 евра. „Тетекс“ поседува акции и удели во фирми и од нив добива дивиденда. Од официјалните достапни податоци се гледа дека „Тетекс“  најголем приход од дивиденда има од своите акции во ТТК Банка, каде поседува 41,5 отсто од акциите со право на глас. По тој основ „Тетекс“ лани остварил дивиденда од ТТК во износ од 550.000 евра. Другите 158.600 евра се од дивиденда од друго друштво или од други друштва. Иако нема официјален податок веројатно е дека другиот дел од дивидендата доаѓа од фирма-ќерка која се заминава со трговија со нафтени деривати.

Како работел „Тетекс“ во првите шест месеци?

Приходот од продажба за првото полугодие е 1,49 милиони евра и е за 7 отсто понизок од продажбата во истиот период лани. Значаен пад има приходот од продажба на домашниот пазар. Тој донел 706.000 евра и пад за 19 отсто. Извозот бележи раст во споредба со лани за 50.000 евра и на „Тетекс“ му донел 786.000 евра за првата половина од годинава.

Во вакви услови оперативните трошоци на „Тетекс“ пораснале за 6 отсто во споредба со лани и надминале 2,18 милиони евра.

Многу знајачајна карактеристика на „Тетекс“, од аспект на вложување во таа акција, е тоа што дава солидни дивиденди три години по ред и тоа што компанијата нема краткорочно ниту долгорочно кредитно задолжување.


Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?