07 Октомври, 2024
0.0242

Неколку корисни совети: Како најлесно до многу пари

Објавено во: Стил 02 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Интересно е колку многу млади, добро облечени, цивилизирани луѓе од градски тип скокаат од среќа пред некој ситен  денар на тротоарот, ги креваат чантите наповисоко во рестораните и со загриженост утврдат дека ги чеша левата рака. А исто така можете да забележите и како  се радуваат на добро паднато ксметче во тацна од испиено кафе, како луѓето веруваат во просперитет и благосостојба добиен за платено кафе.

Доколку сакате да бидете богати и да имате пари, правете ги овие исклучително важни работи и имајте ги на ум секогаш.


1. Фонтани и езера

Ако сакате да бидете богати, кога ќе бидете кај фонтана или езерце фрлете некоја монета во водата.

Ако ситуацијата е кризна – одеднаш сте банкротирале, а наоколу нема ниту една фонтана- можеш да ги фрлиш последните монети во некоја подлабока  локва.


2. Ваша среќа!

Си шетате по патот, или едноставно одите некаде и на улицата забележувате монета од  1 денар или пак од 5 денари, земете ја со вас и пикнете ја во паричникот, експертите сметаат дека така секогаш ќе ви биде полн со пари новчаникот. 

 Исто така тие потенцираат дека никако не смеете да ја потрошите пронајдената монета т.е вашата среќа.


3. Жаба

Во ориенталните земји доколку добиете жаба за подарок, било тоа таа да е порцеланска метална, како накит или од оригами чувајте си ја. 


Таа носи пари, среќа, богатење.


4. Хероглифи

Сакате да бидете богати? Тогаш ставете си хероглиф во чантата.

 Може да биде и испечатен на хартија, или да биде на вашиот приверзок за клучеви, може да биде и во вид на слика, но со сигурност ќе ви донесе богатење.


5. Црвен паричник

Експертите препорачуваат да имате црвен паричник, бидејќи богатството ја сака црвената боја.  

Се смета дека црвената боја е магнет за пари.


7.  Земајте пари секогаш со лева рака

Ако треба да давате пари некому давајте ги со десна рака, а доколку треба да земете земајте ги со левата. 

Така ќе избегнете нарушување на разменетата енергија.


8. Метла

Чувајте ја метлата со рачката надолу. 

Да, да малку тешко се мете така, но дали скате да ви биде чисто или да бидете богати.


Суеверието е чудна работа. Интернетот е полн со материјал на оваа тема. Она што ретко се наоѓа по порталите се материјали како да заработуваш со чесен труд, упорност и трпение, како да се научиш на посветеност и работа.

Многу е полесно да се жртвува животот, системот и околностите. И чекајте птица да го смени ова универзално недоразбирање со магично стапче. Или барем едно лотариско ливче.

Да Би можело да дојдете до пари - треба само редовно да штедите во банка, да работите напорно, и да внимавате каде и колку трошите. 

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни