06 Декември, 2025
0.0488

Како некои брендови ги добија своите имиња

Објавено во: Стил 08 Ноември, 2013 09:50

Добивај вести на Viber

Adidas Овој бренд е толку популарен што веројатно веќе знаете дека е именуван по креаторот на првите  Адидас чевли, Адолф Dassler. Првиот пар ги направил  во кујната на мајка си, а за името го искористил својот прекар „Ади‘‘  и  првите три букви од презимето. Amazon Џеф Безос, основачот на компанијата ,сакал да избере име кое ќе биде синоним за сила, големина , но и да се најде во првите резултати при пребарување , па затоа размислувал на сите потенцијални имиња кои почнуваат на буквата „А‘‘ Гледајки во речникот, погледот му застанал на реката Амазон и баш тоа име го одбрал како име на неговата компанија која денес прерасна во една од најуспешните. Audi Основачот August Horch до името на својата компанија дошол кога своето презиме ,кое  значи „слушај‘‘, го превел на латински јазик. Инаку неговото име и претходно било користено како име за неговата компанија. Споените кругови во логотипот на Ауди го претставуваат здружувањето на четирите производители; Audi, Dkw, Horch i Wanderer. Canon Компанијата е наречена по првиот фотоапарат што таа го произвела- Kwanon. Тоа име, е всушност име на јапонскиот будистички сансктит Bodhisattva, кое означува просветлено постоење. За името да биде  полесно прифатено во целиот свет , во 1953 е сменето во Canon. Pepsi Овој освежитeлен пијалок името го добил по ензимот пепсин кој го подобрува варењето на храната. ИКЕА Во прашање е анаграм.  Првите две букви се всушност иницијалите на основачот на друштвото, Ингвар Kaмпард , додека последните две букви  се земени од името на неговиот роден град, Elmtaryd Agunnyard. Volkswagen Ова име кога ќе се преведе од германски јазик значи „возило за народот‘‘ . Оваа компанија произведувала квалитетни автомобили кои не биле толку скапи .

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: