17 Декември, 2025
0.3797

Како неколкумина измамници ќе го урнеа банкарскиот систем на Бугарија?

Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2014 21:47

Добивај вести на Viber

Еден 30-годишен маж на бугарската полиција и ги открил плановите на организираната криминална група која имала намера да го урне банкарскиот систем во земјата. Тој од негов пријател бил додаден во интернет „чет“ разговор меѓу 50-тина лица кои планирале напад врз банките. Лицето многу брзо прочитало што се подготвува, но се исплашил и веднаш ја напуштил групата. Исплашен од тоа што го прочитал, решил да ги извести бугарските полициски служби за нападот што се подготвувал. Тие сериозно го сфатиле предупредувањето, но истото било многу непотполно, затоа што човекот многу брзо го напуштил разговорот и не запаметил клучни детали. Во петокот од Првата инвестициска банка во Бугарија беа повлечени 800 милиони евра (околу 400 милиони евра), што е апсолутен рекорд за една финансиска институција во Бугарија. Заговорниците имале добри познавања од информатичка технологија. Се организирале на социјалните мрежи и споделувале соопштенија и коментари за пропаст на банките. Бугарските служби дури имаат и точни информации од видео-камерите, дека едни исти лица застанувале во редици на различни филијали на Првата инвестициска банка, иако не поседувале сметки во банката, само за да прават гужва и да создаваат паника. Кога ќе им дојдел ред, само прашувале колкава е каматата и кога можат да си отворат банкарска сметка. Неколкумина од нив истото го направиле во повеќе филијали. Безбедносните служби сметаат дека во целата операција учествувале и два интернет сајта, од кои едниот е за сензационалистички информации. За да ја разоткрие целата мрежа, бугарската полиција отвори посебна линија на која од граѓаните добиле информации дека на нивните телефони добивале СМС пораки, а на електронската пошта - писма со предупредувања за состојбата во банките. Зад целата шема стоел еден инвестициски посредник. БУГАРИЈА: Лидерска средба за партиите да ја гарантираат стабилноста на банките

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии