05 Декември, 2025
0.1885

Како освојуваат женските припадници на хороскопските знаци?

Објавено во: Општо 02 Септември, 2016 20:08

Добивај вести на Viber

Жените освојуваат различно во зависност од тоа на кој хороскопски знак припаѓаат.

Жената Овен е огнен освојувач кој сака да е во центарот на вниманието

Веројатно ќе се облече најсекси што може само за да ја постигне целта. Сака да се стегне и да ги нагласи своите адути. Жените родени во овој знак имаат необично, изразено лице, непосредни се и опуштени во комуникацијата, а кога еднаш ќе ги запознаете ќе откриете колку се страствени.

Жената Бик го менува изгледот од „обична девојка“ до фатална жена

Обично има бујни гради и женствено деколте, малку пошироки колкови и цврст карактер. Еротични сте и сакаат допири додека разговараат. Своеглави се и токму поради тоа се предизвик за силните мажи.

Жените Близнаци се „вечни“ деца со 100 лица

Припадниците на овој знак се шармантни, брзо мислат и се комуникативни. Омилени се во големите друштва, обично имаат светли очи и коса, а потемен тен. Сакаат да се трансформираат и заводничкиот пристап го менуваат зависно од типот на маж кој сакаат да го освојат.

Жените Ракови се нежни и чувствителни

Овие жени обично имаат изразени облини и се гордеат со нив. Обожаваат сè што е поврзано со семејството, па затоа се сметаат за најпосакувани партнерки. Женствени се, знаат како да се снајдат во секоја ситуација и секој флерт, а го обожаваат вниманието на џентлмените.

Лавиците се доминантни, снаодливи и сакаат да се во центарот на вниманието

Нив ќе ги препознаете бидејќи обожаваат нагласен накит. Обично имаат бујна и негувана коса, а помеѓу луѓето се оние најгласните и со најистакнат авторитет. Своите маани секогаш знаат вешто да ги претворат во предности, па заради тоа сметаат дека се безгрешни.

Жените Девици имаат латентна сексуалност

Педантни се и организирани во секој сегмент од животот. Уживаат во игрите на заведување иако ја кријат сексапилноста. Имаат романтичен стил на облекување и префинети црти на лицето. Често глумат добри девојчиња, па делуваат многу помлади отколку што навистина се.

Вагите се одлични заводнички и се грижат за својот изглед

Знаат како да се облечат во секоја ситуација и да бидат забележани. Сакаат да се дотеруваат и да заведуваат со облеката. Фризурата им е секогаш одлична, а шминката перфектна. Понекогаш, тоа е причината заради која мажите не им приоѓаат – перфекционизмот.

Скорпиите се најопасни заводнички Жените

Скорпии имаат шарм кој не се објаснува, а се исклучително природни. Имаат симпатично засипнат и сензуален глас по кој веднаш ќе ги познаете. Може за секунда да ве соборат со нога, но знаат да бидат и посесивни. Кога заведуваат играат топло – ладно, па партнерите буквално полудуваат.

Жените Стрелци се тешко допирливи

Обично го негуваат спортскиот стил и дух, но сакаат и скап накит по кој ќе ги препознаете. Ги красат долги нозе, но немаат претерани облини, што знаат многу паметно да го искористат како предност. Колкави недостатоци и да имаат, нивната насмевка едноставно е незаменлива.

Жената Јарец освојува со рамнодушноста

Овие жени се моќни и самоуверени, заради што обично напаѓаат и освојуваат послаби партнери. Обожаваат да доминираат и искажуваат моќ. Имаат убави нозе, обично се витки, а многу добро знаат да се истакнат со впечатлива и скапа облека.

Жената Водолија е храбра и неоптоварена

Делуваат прилично незаинтересирано за мажи и освојување, припадничките на овој знак се духовно богати. Го спојуваат неспоивото при облекувањето, ја сакаат виолетовата боја и изгледаат секси дури и во обични патики и тренерки. Буквално се заљубени во себе.

Рибите се грациозни

На прв поглед се нежни и чувствителни, но тоа е само трик со кој го ловат спротивниот пол. Имаат грациозна градба на телото, нежни и убаво обликувани нозе, прекрасен поглед и без проблем ќе го искористат за да ве погледнат како „ранета срна“. Тоа е нивниот трик за успех.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: