Како примателите на дознаки да се стават под социјалниот чадор?
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2016 14:08
Институтот за економско истражување и политики - Скопје, на тркалезна маса на тема “Примателите на дознаки под социјален чадор? Идеи и можности” презентира нова мерка за здравствена и пензиска заштита на примателите на дознаки, што произлезе од истражувањето „Симулација на ваучер систем за социјална заштита на социјално ранливи индивидуални приматели на дознаки во Македонија“.
Целта на истражувањето е да се испита можноста од формализирање на дознаките како социјална заштита во Македонија и да понудиме предлог Ваучер –политика на дознаки, за трансформација на дознаките од неформална во формална заштита. Ваучерот е дизајниран да биде достапен и најкорисен за најранливите категории граѓани кои примаат некаков износ на дознаки од роднините во странство. Секој невработен кој примил дознаки преку официјални канали би добил од државата ваучер за користење здравствени услуги и лекови во вредност на просечната потрошувачка за здравје и лекови, под услов тој/таа да стави 6% од дознаката на приватна пензиска штедна сметка.
Резултатите од истражувањето покажаа дека дополнителни 2000 денари дознаки ја зголемуваат општата потрошувачка за 1176 денари, а потрошувачката за здравје и лекови за 370 денари, што потоа ја намалува веројатноста за влошување на здравјето за високи 63%. Резултатите од симулираната мерка покажаа дека вака применетиот ваучер ќе ја подобри здравствената состојба на лицата, а на долг рок ќе обезбеди нивна поголема сигурност кога тие ќе дојдат во пензионерски денови.
Истражувањето е поддржано од Партнерство за економски политики, од Канада.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




