28 Ноември, 2024
0.0295

Како работат друштвата што ги множат и чуваат парите на идните пензионери?

Објавено во: Економија 05 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

„КБ Прво пензиско друштво“ лани оствари добивка од 2 милиони евра, а неговиот конкурент „Сава пензиско друштво“ оствари профит од 1,34 милиони евра. Исто како и во 2018 година и лани „Сава пензиско друштво“ е подарежлива (во просек) спрема своите вработени од конкурентот. „Сава“ вработен просечно годишно лани ја чинел 25.700 евра, а „КБ Прво“ по вработен исплатила просечно по 20.760 евра. „Сава“ лани (во однос на 2018 година) трошоците за вработени ги зголемила за 39.200 евра, а „КБ Прво“ за 77.000 евра!

Двете најголеми друштва кои управуваат со задолжителните и доброволните отворени приватни пензиски фондови лани работеле со добивки кои биле помали во споредба со 2018 година, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи на „КБ Прво пензиско друштво“ и „Сава пензиско друштво“.

Иако лани работеле со , за нијанса, пониски добивки од 2018 година, сепак на финансиските резултати на двете друштва ќе им завидуваат многу македонски компании. Двете друштва на нашиот пазар работат петнаесетина години, а беа основани во далечната 2005 – годината во која стартува пензиската реформа.

Двете друштва управуваат вкупно четири пензиски фондови од кои по два се задолжителни и по два се доброволни фондови, а заедничко за сите е што се од отворен тип. Двете друштва во своите задолжителни фондови (на крајот на април годинава н.з.) чуваат 1,25 милијарди евра од кои огромно мнозинство се пари на идните пензионерии уште 33 милиони евра во двата доброволни пензиски фонда.

Од двете друштва лани поуспешно било „КБ Прво пензиско друштво“ од причина што има поголеми приходи затоа што има повеќе клиенти од конкурентот „Сава пензиско друштво“.

КБ Прво пензиско друштво ланската година ја заврши со нето добивка од 2,02 милиони евра. Тоа е повеќе од 50 отсто од приходите кои ги инкасирално друштвото лани, а кои изнесуваат вкупно 3,93 милиони евра. Овие друштва остваруваат приходи од основната дејност (управување со фондови н.з.) по два основи. Од надоместоци од придонеси друштвото остварило приход од 1,68 милиони евра и тоа е за 107.000 евра повеќе од претходната година. По основ на другиот извор на приходи односно од надоместокот за управување со средствата инкасирани се 2,25 милиони евра што е за 94.100 евра помалку од 2018 година. Расходите од управување со фондовите кај КБ Пензиско друштво лани изнесуваат 1,09 милиони евра и се за 9.100 евра пониски од 2018 година. Најголема расходна ставка е таксата што друшвото ја плаќа на државната агенција за регулирање на нивната работа МАПАС и лани се префрлени 596.000 евра односно 95.000 евра повеќе од 2018 година. Втора ставка е расходот за услугите на банката која ги чува средствата на идните пензионери (во овј случај е „Шпаркассе“ н.з.). За таа услуга друштвото лани исплатило 230.000 евра што е за 65.000 евра помалку о претходната 2018 година. Трета расходна ставка се трошоците на маркетинг на што друштвото потрошило 152.000 евра лани. По овие трошоци добивката од управување со фондовите е 2,84 милиони евра и е за 86.000 евра помала од 2018 година.

По ова следуваат расходите за управување со фондовите и тие лани изнесувале 987.000 евра и се за 129.000 евра поголеми од претходната 2018 година. Во нивната структура најголема трошковна ставка се трошоците за вработените кои изнесуваат 602.000 евра и се за 77.000 евра поголеми од 2018 година. Овие трошоци се исплатени на 29 вработени лица што значи дека просечно годишно секој вработени го чини друштвото 20.760 евра. Финансиските приходи на КБ Прво приватно друштво лани пораснале за 103.000 евра во однос на 2018 година и достигнале 460.500 евра. Нето добивката на друштвото во кое акционери се домашната „Комерцијална банка“ со 49 отсто и словенечка „Прва Груп Љубљана“ со 51 отсто лани изнесува 2,02 милиони евра и е за 112.000 евра пониска од 2018 година.

Конкурентот Сава пензиско друштво лани оствари нето добивка од 1,34 милиони евра и вкупна сеопфатна добивка од 1,53 милиони евра. Приходите од управување со фондови лани се зголемени за 88.700 евра во однос на 2018 година и изнесуваат 3,63 милиони евра. Од тоа приходи од надоместок од управување се 2,06 милиони евра, а приходи од надоместок од придонес се 1,57 милиони евра. Расходите од управување лани изнесувале 1,15 милиони евра и тие се зголемени за 144.200 евра во однос на 2018 година. Кон МАПАС друштвото исплатило 555.000 евра што е за 96.500 евра повеќе од 2018 година. За банката чувар се исплатени 247.500 евра што е за 41.400 евра помалку од претходната година. За маркетинг друштвото платило 181.400 евра. По исплатата на овие трошоци добивката од управување изнесува 2,47 милиони евра и е за 55.500 евра помала од 2018 година. Друштвото лани остварило финансиски приходи во износ од 273.000 евра. Во структурата на расходите за управување најголема ставка се трошоците за вработените кои изнесуваат 848.300 евра и се зголемени за 39.200 евра во однос на 2018 година. Лани друштвото вработувало 33 лица, а просечно годишно вработено лице ја чинело компанијата 25.700 евра. Сопственик на „Сава пензиско друштво e Реосигурителната компанија Позаваровалница Сава. Сава пензиско друштво управува со „Сава пензиски фонд“ – задолжителен отворен пензиски фонд и со „Сава пензија плус“ – доброволен отворен пензиски фонд.

Во земјава од март лани работи и трето друштво кое управува со отворен задолжителен пензиски фонд. Станува збор за словенечката компанија „Триглав“ која досега во отворениот задолжителен пензиски фонд (состојба на 29 април годинава) има 10 милиони евра.

Р.Ф.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа