17 Мај, 2024
0.0282

Како работи најмалиот мобилен оператор?

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Најмалиот мобилен телефонски оператор кој се декларира како меѓународен виртуелен мрежен оператор во земјава во 2018 година ги зголемил приходите за 27 отсто. Неговата загуба е поголема од неговите приходи, во во споредба со претходната година е намалена за 27 отсто

„Лајка Мобајл“ е најмалиот оператор на мобилна телефонија на нашиот пазар. Оваа компанија во 2018 година успеала да оствари приход од 1,05 милиони евра и тоа е раст за 400.000 евра во споредба со остварениот приход во претходната година. Од аспект на раст на приходите во процентуален износ ниту еден друг оператор не може да се пофали со таков раст. Но растот на приходите не се отсликува во профитот на оваа компанија.

„Лајка Мобајл“ 2018 година ја завршила со загуба во работењето од 1,56 милиони евра. Факт е дека и на ова поле компанијата остварила подобар резултат од претходната година кога загубата била 2,14 милиони евра. Од тој аспект компанијата ја намалила загубата за 27 отсто, а истовремено го зголемила приходот од продажба за 72 отсто.

Оваа компанија е регистрирана за дејности на бежични телекомуникации и нејзин сопственик е ЛМ Холдко Лимитед, а овластено лице е Делуксон Соманатбабуџи. Македонската компанија е основана со паричен влог од 5.000 евра.

Главен адут на овој оператор се евтини услуги за меѓународни повици, а нивниот префикс е 079. Оваа компанија гледано интернационално има повеќе од 14 милиони корисници во 23 држави. Услугите на оваа компанија се достапни во: Австралија, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Македонија, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Јужна Африка, Романија, Русија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тунис, Украина,Уганда, Велика Британија и САД. Фирмата мајка LycaMobile се декларира како најголем меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА