19 Декември, 2025
0.0570

Како растура Пивара Скопје?

Објавено во: Економија 16 Август, 2019 11:05

Добивај вести на Viber

Пивара Скопје останува најголема домашна пиварница и една од најуспешните домашни компании затоа што профитот за лани е 23 отсто од реализација (нз. Приходите од продажба). Реализацијата лани достигна 68 милиони евра, а компанијата покажува дека не штеди на својот маркетинг за што лани издвоила 11 милиони евра или 1,3 милиони евра повеќе од 207 година

Пивара Скопје имаше одлична деловна година лани. Профитот на најголемата македонска пиварница, со голем извозен капацитет, дел од „Кока Кола“ корпорацијата лани изнесува 15,6 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија.

Приходите од продажба лани во споредба со 2017 година пораснале за 5,9 милиони евра и изнесуваат 67,94 милиони евра. Компанијата лани бележи раст на приходите од 9,5 отсто што е зголемување за респект особено ако се земе во предвид големата конкуренција на регионалниот пазар на пива и безалкохолни газирани пијалоци. Бруто добивката на компанијата лани изнесува 34,9 милиони евра, а по одбивањето на трошоците за маркетинг, складирање и дистрибуција и административните трошоци (н.з. пред се трошокот за вработените) компанијата има оперативна добивка од 17,57 милиони евра. Тоа е за 2,9 милиони евра поголем профит во споредба со 2017 година. Профитот на Пивара Скопје е 23 отсто од реализацијата.

Вредноста на недвижностите, постројките и опремата на Пивара Скопје на крај на 2018 година е 48,6 милиони евра и тука има раст од 4,1 милиони евра. Залихите на компанијата лани се дуплирани во однос на претходната година, а слична тенденција има и кај побарувањата од купувачите кои се зголемени за околу 2,2 милиони евра и на крај на 2018 година изнесувале околу 7 милиони евра.

Лани Пивара на своите акционери им исплатила дивиденда во износ од 13,15 милиони евра.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии