19 Мај, 2024
0.0309

Kaко се снаоѓаат кумановци кога немаат јавен превоз?

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Поради немање на јавен превоз во градот во новата 2022 година, на кумановци им е тешко да функционираат како претходно, и навреме да стигнат на своите работни места.

Проблемот ги засега сите, но особено погодени се луѓето од околните села. Нив градот им е далеку, и не можат да си дозволат со такси да одат на работа, бидејќи е скапо. Во вакви услови луѓето се снаоѓаат, така што се групираат и со автомобили стигнуваат на работа, а дел се принудени со велосипеди да патуваат до работа на овие ниски температури.

Тони Петровиќ, претседател на месната заедница во селото Табановце објаснува дека и претходно не биле задоволни од превозот, затоа што имале мал број на линии, за што се жалеле во општината, но сега вели е катастрофа.

„Ова е катастрофа и срамота, во една општина да нема јавен превоз, а луѓето мора да одат на работа. Такси чини 350 денари, и не може некој кој работи за 18.000 или 20.000 денари да плаќа такси. Со автомобил одам на работа, ми се јавуваат луѓе за враќање назад да ги земам. По пат наутро сретнувам и луѓе со велосипеди“, вели Петровиќ.

Жителите на кумановското село В’акв објаснуваат дека досега до градот патуваа така што пеш поминуваа 2 до 3 километри до соседното село Пчиња, и оттука се превезуваа со минибуси, но сега се тотално отсечени. Апелираат до локалната власт што поскоро да го реши проблемот и да земат во обзир дека има стари луѓе на кои им требаат лекови, храна, посета на лекар.

„Не е еден ден, ова е скоро месец дена како немаме превоз. Има стари луѓе кои не можат да си купат лекови и што треба сега, да умираат? Јас не знам што мислат во општината? Па ние ако сме во село, и немаме ни асфалт, зарем треба и комбиња за превоз да немаме во соседното село? Нека се најде некоја средина, и веднаш да се пуштат комбињата. Од 1 февруари децата ќе треба да тргнат на училиште, и ако не средат за некој ден, ќе има бунт. Ќе дојдат луѓето пред општината, ќе блокираат улици, па нека си мислат. Имало проблем со тендерот. Па добро, зарем не можеше тоа да се реши за две недели, а не да бидеме отсечени скоро месец дена. Пред некој ден викавме такси, и ни наплати 500 денари до Куманово. На оваа сиромаштија немаме ние вишок пари да фрламе во ветер. Па и на оние кои поседуваат автомобили им треба јавен превоз, не секогаш автомобилот ќе биде во исправна состојба, и ако се случи дефект зарем не треба да одиме до град и да имаме превоз?“, вели жителка на селото В’акв.

80 годишната Зорка Аризановиќ од селото Умин Дол се надева дека од општината конечно ќе овозможат превозот да се врати во нормала.

„Овие три села овде, Љубодраг, Ново Село и Умин Дол сега се отсечени. Треба да одам на лекар, а со што да одам? Такси чини 500 денари, а пензиите знаеме дека се мали“, вели Аризановиќ.

До општината пративме прашања за тоа кога јавниот превоз ќе продолжи, но одговор не добивме. Од 1 месецов, граѓаните се без градски превоз бидејќи општината ја задоцни постапката за избор на нови фирми за превоз на патници.  Според пишувањата на локалните медиуми, има поднесени жалби за одредени пофреквентни линии и тоа ја одолговлекува процедурата. Повеќе од 15.000 луѓе во Куманово користат јавен превоз.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична