15 Јануари, 2025
0.0306

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Повеќето македонски пензионери се жалат дека им е тешко поради ниските пензии, а оние кои се во добра здравствена состојба, работат на село, произведуваат храна, продаваат на пазарите, чистат, чуваат постари лица, со цел да заработат.

Сепак, оние кои се соочуваат со здравствени проблеми велат дека тешко опстануваат, а не се во состојба да заработат некој денар плус.

„Пензиите се мали. Јас земам 12.000 денари и со тие пари не може да се живее. Штедиме, децата ми помагаат. Не можам да работам, имам здравствени проблеми“, вели Зага Димовска, пензионерка.

Објаснуваат дека мораат да балансираат меѓу приходите и расходите, меѓу желбите и можностите за да опстанат.

„Ќе видиш нешто, а не можеш да го купиш. Има луѓе кои си поседуваат ниви, си работат или чуваат постари луѓе. Мене ме нудеа да чувам некоја постара жена, но не сум способна. И да сакам не можам“, рече Снежана Андоновска, пензионерка.

Пензионерите велат дека само ако некој поседува земјиште и куќа на село, се исплати да си произведува храна за своите потреби, а ако нешто му остане да продава.

„Работат, садат 20 корења домати, за свои потреби, а стока не чуваат пензионерите кои ги знам, поради свинската чума, поради болеста. Ги имам сите дијагнози, јас не можам да работам“, рече Владанка Тричковиќ, пензионерка.

Пензионерот Бекир Зекири вели дека проблем во нашето општество е што многу пензионери финансиски помагаат на децата и внуците кои се без работа.

„Јас немам потреба да работам, имам доволно. Моите деца се добри, независни се, не ми бараат да им помагам и затоа мене парите ми стигаат. Тоа е главен фактор. Има луѓе што имаат добри пензии, но помагаат деца и немаат пари“, рече Зекири.

Занаетчиите и во пензионерските денови заработуваат нешто плус, затоа што овие струки се дефицитарни.

„Оние што се плочкари, фасадери работеа, но другите занаетчии тешко, затоа што работата, дуќаните ги оставаат на помладите, на децата“, вели Фисник Сарачи извршен директор на регионалната занаетчиска комора во Дебар.

И во конфекциите некаде може да се најдат пензионерки во работниот процес, затоа што младите немаат интерес за оваа работа.

„Се случува да дојдат пензионерки кои се млади, а имаат пензија наследена од сопругот. Тоа се сепак помлади жени. Ги ангажираме со договор  на дело, додека оние вистински конфекциски работнички сакаат да си останат дома откако ќе влезат во пензија, затоа што се истрошени во работниот век“, велат од штипска конфекција.

Во државата, пензија нешто над 1.000 евра земаат 408 пензионери. Во максималните пензии, како што ги води и статистиката на Фондот за ПИОМ спаѓаат и оние од 48.304 денари, потоа  од 50.320 денари и од 51.840 денари, а со вакви пензии има 1.073 пенионери.

Најниски пензии пак имале 35.478 од вкупно 334.057 пензионери, или 10,6 проценти живееле во март со пензии од 11.897 денари до 15.250 денари.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина