Како се справи ЗК „Пелагонија“ со корона кризата?
Објавено во: Економија 19 Ноември, 2020
И покрај вонредните услови заради здравствената криза друштвото успеало првите девет месеци да ги заврши со добивка од 44.000 евра што е неспоредливо со лани кога оперативната загуба била 1,6 милиони евра. Вреднота на залихите на крај на септември е 14,4 милиони евра односно 14 отсто повеќе. Клучен предизвик на друштвото сега се финансиските расходи кои ја креираат загубата и годинава изнесуваат 1,4 милиони евра и се 56 отсто повисоки од лани
Најголемиот земјоделски комбинат во земјава, битолската компанија ЗК „Пелагонија“, во првите девет месеци годинава успеа да ја заврши со оперативна добивка повисока од 44.000 евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех. Резултат е особено значаен затоа што добивката е остварена во услови на отежнато работење и бројни рестрикции предизвикани од мерките за справување со здравствената криза предизвикана од корона вирусот.
Во истиот период лани најголемата земјоделска компанија во земјавата имала загуба од 1,6 милиони евра и сегашната добивка од 44.000 евра е неспоредливо подобар резултат во однос на ланскиот.
Приходи од продажба за првите девет месеци изнесуваат 17,75 милиони евра што е за 14 отсто послаб резултат од истиот период лани. Од тоа продажбата на домашниот пазар продолжува да биде доминантна ставка и таа за периодот јануари-септември изнесува 17 милиони евра. Тоа е за 12 отсто послабо од лани. Продажбата на странски пазари очекувано заради рестрикциите бележи поголем процентуален пат и тоа е 34 отсто помалку од лани. Продажба во странство сега изнесува 764.000 евра. Вредност на залихи на готови и незавршени производи изнесува 14,4 милиони евра односно за 14 отсто повеќе од лани. Останатите оперативни приходи се околу 950.000 евра односно исто како лани.
Очекувано пад книжат и оперативните расходи на друштвото. Тие се за 9 отсто пониски од лани и изнесуваат 21,45 милиони евра односно 2,2 милиони евра помалку од трошоците за првите девет месеци лани. Очекувано најголеми трошоци друштвото направило за суровини и други материјали тие се 9,5 милиони евра односно 12 отсто помалку од лани. Трошоци за вработените 4 милиони евра и тие се за незначителни 4 отсто помалку од лани и овој параметар укажува на одговорноста на друштвото спрема своите вработени и покрај вонредните услови за стопанисување.
Клучен генератор на загубата за првите девет месеци се финансиските расходи на друштвото. Тие изнесуваат 1,4 милиони евра и се зголемени за 52 отсто во однос на лани. Една од клучните задачи на менаџментот во краткорочна иднина ќе биде да ги релаксира условите за финансирање на компанијата со што ќе го намали овој навистина висок трошок во работењето.
Сепак поради успешното оперативно работење годинава загубата е 1,3 милиони евра и е значајно пониска од лани кога изнесувала над 2,5 милиони евра .
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.