18 Декември, 2025
0.0406

КАКО СТРАТЕШКИОТ ПРОЕКТ ЗА СТРУЈА ОД ЃУБРЕ ЗАВРШИ ВО ОТПАД: „Зока Енерџи Солушн“ блокирана од УЈП, на терен никакви активности

Објавено во: Економија 01 Септември, 2025 08:30

Добивај вести на Viber

Блокади, долг и никакви активности - вака може да се опише „Зока Енерџи Солушн“ од Неготино, фирмата чиј проект „Фабрика за производство на зелена енергија“ во 2021 година беше претставен како стратешки, а кој предвидуваше од ѓубрето да се добива електрична енергија. 

Три години откако тогашниот премиер Зоран Заев го претстави проектот како стратешки, фирмата лани ја завршила годината со 0 денари приходи и 0 денари расходи. Претходните години, фирмата работела со минус. Во 2022 година, имала приходи од над 226 илјади евра, а расходи од 250 илјади евра, со што фирмата била во минус од 23 илјади евра. Во 2023 година пак, фирмата немала никаков приход, но имала расходи од 14 илјади евра, па добила и загуба од истата сума. 

На фирмата е евидентиран и долг за ДДВ, вреден 554 илјади евра, како и долг за данок на добивка од над 12 илјади евра, пари кои преку Управата за јавни приходи треба да се слеат во државниот буџет. Според последниот пресек на УЈП, фирмата должи и над 20 илјади евра за исплата на плати.

Извор: УЈП

Фактор праша во Владата, до каде е стратешкиот инвестиционен проект „Фабрика за производство на зелена енергија“, но одговор не добивме повеќе од еден месец. Иако состојбата на фирмата е лоша, досега договорот за стратешки проект не е раскинат.

Фирмата, основана во 2020 година во 2021 година доби дозвола од владата за стратешката инвестиција од над 336 милиони евра. За овој проект, реагираа локалните граѓански здруженија, кои предупредуваа дека постои опасност да се увезува милиони тони отпад, со став дека тоа чини многу поевтино отколку да се собира и селектира отпадот во Македонија.

Според информациите до кои дојде Фактор, идејата од ѓубре да се прави зелена енергија постои, но проектот засега е пропаднат. Во моментов, во официјалните документи стои дека е во постапка на утврдување на правниот статус на фирмата, а поради долговите кои ги има кон државата.

Од фирмата во 2021 година - една година по основањето, велеа дека се што ќе работат ќе биде по европски стандарди и дека се нова фирма затоа што инвеститорот од Луксембург „Грин Инвестментс“, како и сите други што доаѓаат во Македонија, прават нови фирми. Сепак, основач на фирмата, барем според официјалните документи, беше Филип Блажев, а луксембуршката фирма не фигурираше никаде во документите.

Претходната власт, која аминуваше проектот на „Зока Енерџи Солушн“ да биде партнерски тврдеше дека фирмата обезбедува единствено еколошко решение за справување со проблемите на отпадот од депониите, воедно претворајќи го ѓубрето во обновлива енергија и рециклирани суровини за индустријата, но не успеа да ги убеди жителите на Неготино, кои протестираа против ваков тип на фабрика.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа