19 Декември, 2025
0.0356

Како студент по медицина направи кризна мапа на поплавените подрачја?

Објавено во: Економија 13 Август, 2016 08:15

Добивај вести на Viber

Неуморниот студент по медицина Демијан Хаџи-Ангелковски цела недела е на терен во најзагрозените подрачја во скопскиот регион погодени од минатонеделната поплава. Ги мапира критичните точки врз претходно собрани податоци на терен, од куќа во куќа, од социјалните мрежи. Кризната мапа како што ја нарекува е одлична и моќна алатка за координација на волонтерите и граѓанските активисти кои од ден на ден се побројни и сакаат да помогнат во санирање на штетите во погодените места. “Мапирањето најпрвин беше врз база на собрани податоци кои беа објавени на социјалните мрежи. Откако сфативме колку е важно да се има овој ресурс, кој може да се користи и на терен  за правилно распоредување на донациите и волонтерите. Теренот Ченто / Стајковци е поделен на Зелени, Портокалови и Црвени зони. Како што прогредира работата на терен и колку сме поефективни, така одредени зони од црвени стануваат портокалови, односно од портокалови зелени. Така можеме ние да видиме кој е прогресот на терен, како и да видиме каде повеќе треба да се фокусираме. Во моментов примаме информации од околу 20 волонтери на терен, како и дневните рути кои јас лично ги правам секое утро и прибирам информации”- објаснува Хаџи-Ангелковски. [caption id="attachment_230892" align="alignright" width="488"]MAPA https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1t66X1P5XswZNZTTosUMKrAzp5qg[/caption] Во текот на денот вели  неколку пати се ажурираат мапите, а секоја вечер има координација со сите тимови и се  одредува кој ќе биде фокусот за следниот ден. Се собира хуманитарна помош, се прави план каде ќе се распредели а потоа и каде се потребни повеќе раце за расчистување на сметот. “Дали надлежните прават или не прават вакво мапирање, не знам. Ако го прават, тогаш тоа го прави Армијата и е единствено за нивни потреби, и не сакаат да го споделат јавно. Искрено работата е многу макотрпна, бидејќи се работи за прилично голема површина и некаде околу 20.000 граѓани кои живеат тука. За жал, не постигнуваме да мапираме се’ и да ги имаме сите информации секогаш, но и покрај тоа е многу вредна и корисна алатка. Интензитетот на работата полека завзема темпо. Очекуваме голем наплив на волонтери кои заради дневните рути и волонтерите на терен, без никаков проблем знаеме веднаш каде се најпотребни. Тешко е, не велам не, но искуството покaжува дека со мапите е далеку полесно да се координираат тимовите. На пример, вечерта ги делиме зоните помеѓу двата пункта (Сити Мол и Веро Центар), за веднаш од утрото знаеме каде треба да одат првите пратки, а притоа да не одиме на истото место 2 пати и да губиме на време и ресурси”-додава  студентот по медицина. Тој е дел од Студентскиот пленум чии членови активно се вклучени во акциите и санирањето на штетите од поплавите. Учествуваше и во Шарената револуција која вели обедини илјадници граѓани, студенти, професори за една цел, да се бара подобра иднина за сите, иднина која нема да ја кројат политичарите туку граѓаните. Демијан секојдневно е во скопскиот регион кој беше погоден од катастрофалното невреме. Граѓаните го препознаваат, знаат дека откако ќе  регистрира кои се нивните потреби, што им недостасува и како се снаоѓаат, помошта брзо доаѓа. Волонтерите организирани во тимови се на терен. Расчистуваат куќа по куќа, двор по двор. Ги има во Стајковци, Инџиково, Ченто, Црешево. За нив нема поделби, ниту партиски, ниту етнички. Се реагира онаму каде е најпотребно,  во семејствата кои со денови молат за помош,а никој не ги слуша. Се организираат преку социјалните мрежи. Велат неуморно ќе работат се додека мапата не биде целосно обоена во зелена боја. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка