02 Мај, 2024
0.0248

Како тоа го прават Кина и САД?

Објавено во: Анализа 10 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Викендов се одржа средба помеѓу претседателите на САД и НР Кина, Барак Обама и Сји Џинпинг. Според многумина ова беше средба на претседателот на најголемата економија во светот и претседателот на идната најголема екoномија во светот. Оптимистите предвидуваат дека дури и во мандатот на Обама САД ќе го загуби приматот на број еден економија во светот гледано по паритетот на куповна моќ, но веројатно ова сценарио е претерано. Сепак повеќето економисти веруваат дека тоа ќе се скучи во 2020 година.

Како и да е САД уште долго време ќе бидат побогати, затоа што знаеме дека гледано по глава на жител економите се сеуште далеку од некои допирни точки. Но, номиналната сила на Кина е огромна и несомнено нејзините политики ќе остават трага во овој милениум. Глобализацијата ги натера и ги направи овие две земји да станат “frenemies”, одлична кованица за која нема потреба дополнително да објаснуваме што значи. Кина е најголемиот купец на американски обврзници и трет по ред купец на производи кои се направени во Америка. И тоа не храна и суровини, туку буквално се од игла до локомотива. Врските меѓу двете земји економски стануваат многу силни. Секој непромислен потег од една или друга страна може да има несогледливи последици. Слично како во студената војна, само што работите сега делуваат порелаксирани. Замислетего ефектот кој би го имале доколку Кинезите во еден момент се решат да продаваат поголема количина американски обврзници. Ќе направат потполна катаклизма и ќе го срушат доларот, а и ќе нанесат огромен удар на економијата во САД генерално. Но, зарем постои некој бизнизмен кој би си го застрерал својот најголем купец. Кина во САД извезува производи вредни неверојатни 324 милијарди долари и единствен поголем партнер е ЕУ гледана како целина. Ова уште ги потенцира исклучително силните економски релации кои овие две земји ги имаат. Токму поради тоа средбата овој викенд пројде во исклучително релаксиран тон. Во ниту еден момент не се осетија поголеми тензии и недоразбирања. Разговорите беа поделени во два дела. Еден дел за геополитички прашања и вториот дел за економски теми. Во два дена, петок и сабота се дискутираше за овие области. Двајцата претседатели изјавија дека влегуваат во една нова ера на соработка која треба да даде позитивни резултати во наредниот период и да ги внесе односите на овие две земји во помирни води. Една од главните теми е шпионирањето и хакирањето на бизнис и воени информации за кое беа обвинети Кинезите во минатиот период. Претседателот Обама очигледно го омекна тонот велејќи дека тоа не е проблем само на Кина и САД, туку е светски проблем и сите заедно треба да работат на решавање на истиот. Од друга страна пред доаѓањето на Џинпинг, нагло омекна тврдиот став на Северна Кореја и се чини тензиите на полуостровот полека се смируваат. Секако дека Кина како единствен голем условно речено партнер на Северна Кореја имал улога на смирувањето на ситуацијата. И за крај една тривијалност. Средбата се одржа во Санилендс, Калифорнија, место познато како рај за богатите и очигледно место кое му лежи на Обама со оглед на тоа дека по заминувањето на кинескиот претседател, Обама останал уште еден дополнителен ден за да се сретне со пријатели од Хаваи и да одигра некоја партија голф. Сепак и претседателите се луѓе. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад