16 Декември, 2025
0.0554

Како „Уни банка“ лани и одржа лекција на својата конкуренција?

Објавено во: Економија 21 Март, 2019 14:11

Добивај вести на Viber

Кредитната позиција на „УНИ Банка“ лани порасна за над 25 отсто! Односно за 48,8 милиони евра во ниво од 227,5 милиони евра. Раст на депозитната база за повеќе од 60 милиони евра во една година и раст на добивката од 10 отсто. Овие параметри укажуваат на значаен успех на банката во својата конкренција

УНИ Банка лани значајно ја зајакнала својата пазарна позиција лани во споредба со 2017 година. Банката оствари значаен раст на кредитното портфолио, оствари голем раст на депозитната база, успеа да ги зголеми приходите од камати и од надоместоци. На крај банката ја зголеми добивката за повеќе од 10 отсто во споредба со претходната година, покажуваат клучните податоци од финансиските извештаи на банката достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Нето приходите од кредити пораснале за 1,47 милиони евра до износ од 12,11 милиони евра лани. Солиден и важен раст книжат и приходите од провизии и надоместоци кои лани достигнале 2,2 милиони евра и се за 0,17 милиони евра повисоки од претходната година. Значајно за истакнување е и тоа што останатите приходи од дејноста банката лани оствари 0,5 милиони евра што е за повеќе од 10 отсто подобар раст во однос на претходната година. 

Нето добивката по акција изнесува 8 евра односно 492 денари и е за 48 денари подобар принос во споредба со 2017 година. Вкупната добивка на оваа банка за лани е 4,35 милиони евра.

Кредитната активност на банката е извонредно голема. Нивото на кредитни пласмани на крај на 2018 година достигнало 227,5 милиони евра и тоа е за 48,8 милиони евра повеќе од 2017 година. Податоците покажуваат дека „Уни банка “ лани ја зголемила својата кредитна позиција за повеќе од 25 отсто што е силен раст и значаен подем во силната конкренција на сегментот на средните банки во земјава.

Заради тоа е логично тоа што е видливо од билансот на успех значен раст на резервациите заради кредитните пласмани. Нивото на резервации на крај на 2018 година е 0,92 милиони евра. Наспроти ова во претходната година банката има позитивно салдо кај оваа ставка заради ослободувањето на резервациите во износ од околу 300.000 евра.

Огромен раст книжи и депозитната база. „Уни банка“ на крај на 2018 година лува 268,7 милиони евра депозити на коминтенти што е 64,7 милиони евра повеќе од 2017 година. Овој податок доволно говори за тоа колку била успешна деловната стратегија на менаџментот за привлекување на депозити.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност