15 Декември, 2025
0.2362

Како „Усје“ ја зацементира короната? Со исти приходи профитот порасна 20 отсто!

Објавено во: Економија 01 Април, 2021 07:11

Добивај вести на Viber

Цементарница „Усје“ е исклучок од правилото за негативното влијание на корона кризата врз бизнисот. Друштвото лани направило профит од 24,7 милиони евра и тоа е за 20 отсто подобар резултат на приходи кои се исти како и во 2019 година. Цементарница лани имаше извоз на девизи во форма на дивиденда во вредност од речиси 40 милиони евра

Скопската цементарница „Усје“ ланската година ја заврши со профит од 24,75 милиони евра, резултат што е за 20 отсто подобар во споредба со 2019 година, покажуваат официјалните резултати од консолидираниот биланс на успех на оваа голема компанија. Цементарница лани обезбедила раст на профитот со приходи кои биле исти како во 2019 година и изнесуваат 78,85 милиони евра.

Цементарницата лани не почувствувала негативно влијание од корона кризата. Приходите од продажба се за 1 отсто повисоки одо претходната споредбена година. Во нивната структура лани доминираат домашните приходи со 53,37милиони евра. Тоа е за 4 отсто поголема продажба во однос на 2019 година. Извозот на цементарницата „Усје“ изнесува 25,48 милиони евра и тоа е за 4 отсто помалку од претходната година.

Оперативните расходи на друштвото изнесуваат 55,6 милиони евра и се за 6 отсто пониски од 2019 година. Најголема расходна ставка логично се трошоците за суровини и други материјали кои се пониски за 12 отсто и изнесуваат 24 милиони евра. Трошоците за вработените се околу 5 милиони евра, а услугите со карактер на материјални трошоци надминуваат 11 милиони евра.

Оперативната добивка на друштвото е 27,2 милиони евра и е за 21 отсто повисока од претходната година.

Од билансот на состојба за истакнување е тоа што обврските на друштвото лани пораснале за 44 отсто во споредба со 2019 година и изнесуваат 17,4 милиони евра. Најзначаен раст има кај обврските спрема добавувачите кои се зголемени за 55 отсто до износ од 11 милиони евра. За истакнување е тоа што „Усје“ нема кредитни обврски.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година