Како успешно да одговорите на најчестите прашања на интервју за работа?
Објавено во: Стил 28 Јули, 2013 20:54
Ова, всушност, може да биде трик-прашање. Работодавачите не смеат да прашуваат за приватниот живот на кандидатот и ова е начин на кој тие успеваат да го „извадат“ тоа од вас. Најлошиот начин на кој ќе пристапите кон ова прашање е да ја кажувате својата животна приказна. Најдобро е да дискутирате за вашите интереси кои се поврзани за работната позиција и да кажете зошто вашето минато ве прави добар кандидат за работата.
Прашање: „Кои се вашите силни и слаби страни?“
Лесно е да се зборува за силните страни, но тешкиот дел се слабостите. Никогаш не зборувајте за вашите вистински слабости освен доколку не сте ги надминале. Најдобро е да дискутирате за нешто што сте го правеле порано, но повеќе не. Менаџерите не сакаат кога кандидатите одговараат со: „Слабоста ми е тоа што работам многу напорно“ и слично.
Прашање: „Каде сакате да бидете 5 години во иднината?“
Она што впрочем се прашува тука е: „Дали оваа работа е поврзана со вашата планирана кариера или аплицирате само бидејќи ви треба нешто?“ Покажете им дека сте човек кој има професионални планови и сакате вистинска кариера. Дадате им до знаење дека се надевате на професионален напредок во компанијата. Не велете нешто како: „Не знам. Ја сакам вашата работа“.
Прашање: „Колкава би сакале да биде платата?“
Менаџерот прашува „Дали имате реалистични очекувања во врска со платата?“ Обидете се да го избегнете ова прашање во првото интервју. Кажете дека доколку сте земени предвид сериозно, би можеле да им дадете предлог.
Прашање: „Зошто би требало да ве вработиме?“
Останете фокусирани на вашето минато – зошто тоа ве прави идеален кандидат, и кажете им како ќе придонесете за компанијата. Кажете дека една од вашите цели е да ја олесните нивната работа со земање што повеќе одговорности и дека ќе бидете возбудени за работата уште од првиот ден.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





