05 Декември, 2025
0.0262

Како Владата ќе ја оцени „петката“ на Нимиц?

Објавено во: Анализа 19 Јануари, 2018 08:23

Добивај вести на Viber

Медијаторот Метју Нимиц според повеќе извори дал вкупно пет предлози во новата рамка посочена за време на последните преговори за спорот за името во Њујорк под посредништво на Обединетите нации меѓу Македонија и Грција. 

Во рамката на Нимиц се вклучени предлози кои и досега биле поставени пред двете страни и нема нешто ново и иновативно што би можело драстично да го смени текот на преговори. Така се верува дека Нимиц ги предложил Северна, Горна, Нова, Вардарска и Република Македонија(Скопје) како можни нови имиња на Македонија. Придавките би биле напишани на кирилично писмо и македонски јазик, како и нивна латинична транскрипција.

Во однос на идентитетските одредници што се и најголема грижа на граѓаните, според предвидената рамка за продолжување на преговорите за спорот за името би се формулирале како официјален јазик на Република Македонија заедно со предложената придавка на почетокот на името, или пак македонски и makedonski.

Според оваа рамка на медијаторот ако биде прифатено решение, тогаш предлогот за името би се користел како што бара грчката страна „ерга омнес“ односно за целосна употреба, како внатрешна во Македонија, така и во сите меѓународни односи и во официјалните записи на меѓународните организации како Обединети нации, НАТО, ЕУ и останатите. 

Засега единствено коментар за оваа рамка на Нимиц даде преговарачот Васко Наумовски кој рече дека не дава оптимизам за достоинствено решение на спорот за името и се чини дека го надмина својот мандат бидејќи тој нема овластувања да дава оценки, туку тоа треба да го направи Владата на Република Македонија.

Министерот за надворешни Никола Димотров не сакаше да даве брзоплети коментари, ниту пак тоа го стори вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Предложената рамка во нејзиниот целосен состав ќе биде доставена до Владата на РМ која од понеделник ќе ја разгледува и оценува, па потоа откако ќе се формира заеднички став ќе се соопштат следните чекори во преговорите за името.

Процесот дополнително се комплицира со заострување на состојбите на грчката политичка сцена каде десничарските и националистичките партии се погласно говорат против решение за спорот за името што ги нарушува позитивните пораки кои ги испрати премиерот Ципрас, а непотребно се вмеша и грчката православна црква која долеа масло на огнот во грчкото општество кое е секогаш негативно расположено против Република Македонија каде и натаму се шири говор на омраза и омаложувачки изјави против македонската држава и народ.

Што се однесува до македонската страна веќе сме предлабоко навлезени во овој процес што се гледа од силните заложби на премиерот Заев за подобрување на односите со Грција преку враќање на довербата и добрососедските принципи, а голем е и ангажманот на македонската дипломатија што доживеа своја кулуминација со посетата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој испрати многу охрабрувачки пораки.

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени