04 Мај, 2024
0.0239

Како влијае алкохолот на мозокот?!

Објавено во: Стил 28 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Сигурно досега неколку пати сте биле директен сведок на промените на нечие однесување и реагирање настанати после консумирањето на помала или поголема количина на алкохол.

Личноста под дејство на алкохол, е склона кон промени во начинот на кој комуницира со околината, потоа кон промени во начинот на движење, гледање и донесување одлуки и реагирање на зборови и постапки кои се упатени кон неа или самата ги упатила.

Овие и уште небројни многу други приметни промени во однесувањето, настанати како што споменавме од последиците на консумирањето на алкохол, настануваат од причината што алкохолот директно, после што се внесе во организмот, има дејство и влијание и дејство на мозокот.

Веднаш штом го испиете еден или повеќе алкохолни пијалоци, алкохолот директно доаѓа во вашиот крвоток па пат на крвта до сите внатрешни и надворешни органи, па така и во вашиот мозок. Кога стигне во мозокот алкохолот најпрво влијае на вашиот централен нервен систем, така што го успорува, намалува и на тој начин ги неутрализира неговите функции.

Со оглед дека улогата на централниот нервен систем е задолжена за присуството и фунцијата на вашето разумно однесување а со тоа и за вашето рационално и разумно донесување на одлуки, во моментот кога алкохолот започне да дејствува на централниот нервен систем, сите функции на разумно однесување и донецување рационални разумни одлуки се намалуваат или дури целосно се губат, во зависност од количината на внесен алкохол.

Како последица на тоа, доаѓа до изразување на нижи мозочни функции кои се задолжени за присуство на нагони, потреби и чувства. Со отсуството на рационалните одлуки и однесувања, личноста која е под дејство на алкохол, со самото тоа станува препуштена на инстинктите и моменталните нагони и потреби.

Оттука не ретко доаѓа до изговорени непромислени реченици, постапки и одлуки кон кои алкохолизираната личност нема реалне пристап ниту проценка за околностите околу себе.

Докажано е дека во текот на долготрајната консумација на алкохол ја смалува вкупната количина на мозочни маси и функцијата на централниот нервен систем останува трајно оштететна.