19 Декември, 2025
0.0936

Работниците во приватниот сектор ќе добиваат К-15?!

Објавено во: Економија 24 Декември, 2013 21:04

Добивај вести на Viber

Работниците во приватниот сектор следните две години ќе земаат К-15, барем според договорот кој го направија Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија. Така, висината на регресот за годишен одмор т.н. К-15 треба да изнесува барем 40 проценти од просечната нето-плата по работник, која била исплатена последните три месеци. Измената ќе влезе во Општиот колективен договор и ќе важи за приватниот сектор од областа на стопанството. Од синдикатот додаваат и дека износ на регрес може да се исплаќа и повисок од тој утврден во колективниот договор. За регресот работодавачите нама да треба да плаќаат придонеси од плата и данок на добивка. Општиот колективен договор пак, ќе важи од почетокот на 2014 година па во следните две години. Од синдикатот се пофалија. „На овој начин Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи покажа дека и во најтешките услови, врз основа на чувство за одговорност и обврска успева да ги реализира своите програмски цели и определби кои долг период не беа јасни“, изјави претседателот на ССМ, Живко Митревски. За претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров, пак Општиот колективен договор се менува само за да се прецизираат одредбите кои досега биле различно толкувани. Вели дека на овој начин, Општиот колективен договор станува јасен и разбирлив за сите. „Голем ефект ќе биде тоа што ќе се намалат непожелните работнички спорови во кои губевме сите, и работниците и работодавачите“, смета Димитров.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии