Каков крај? „Сковин“ сам си отвори стечај!
Објавено во: Економија 29 Декември, 2021 07:25
„Сковин“ останува спомен за едно време во кое Скопје имаше свој вински гигант. Нејзиниот имот и брендовите беа продадени на четириесет годишницата од основањето на „Сковин“ во далечната 1979 година. На неколку дена пред крајот на 2021 година со одлука на нејзните директори „Сковин“ А.Д. оди во стечај со акумулирана загуба поголем од 10 милиони евр(заклучно со крај на 2020 година), а стечајот се отвора врз основа на 45 дена блокирана сметка
Поранешниот вински бренд од Скопје и гигант во производство на грозје и вино „Сковин“ оди во стечај. Оваа одлука и официјално е објавена на веб страницата на Македонската берза на која котираат акциите на скопски „Сковин“.
Во официјалното образложение пишува дека одлуката за покренување стечај ја носи Одборот на директори на друштвото, а основа за поднесување барање за отварање стечај има во тоа што банкарската сметка на друштвото е блокирана повеќе од 45 дена.
Со овој гест , кој мора да биде одобрен и од единствениот акционер – скопски “Фершпед“ , „Сковин“ најверојатно оди во историја. Според официјалните податоци за неговото работење во првите девет месеци годинава компанијата има приход од само 5.000 евра и оперативни расходи од речиси 20.000 евра. Во образложението кон финансиските резултати пишува дека сметката на друштвото е блокирана на 26 октомври годинава. Претходната година „Сковин“ за завршил со загуба во работењето од 610.000 евра. Според официјалните финансиски податоци за 2020 година „Сковин“ имал акумулирана загуба која надминува 10 милиони евра и тековни обврски од 6,5 милиони евра. Овие податоци покажуваат дека било само прашање на време кога за, оваа некогаш силна винска компанија, ќе била отворена стечајна постапка.
Од почетокот на годинава до сега „Сковин“ и немал никакви деловни активности освен што продавал заостанати залихи вино.
Како што веќе пишувавме недвижниот и подвижниот имот како и залихите на „Сковин“ во 2019 година се продадени за 3,95 милиони евра на скопската фирма „ВинаријаСковин Група“ ДООЕЛ чиј сопственик е скопската компанија Балкан Холдингс ПТЕ ЛТД.
Трговските марки на „Сковин“ се продадени на сингапурската фирма SIAK PTE LTD за вкупно 5.100 евра. Станува збор за повеќе од 20 бренда на вина и жесток алкохол кои сега ги произведува „Сковин“. Винските колекции кои ги произведува „Сковин“ се групирани во шлашираните групи :„Сан сити“, „Класик“, Фајнест селекшн“, „Барик“, „Премиум“, во пакувања од станиол „Бег ин бокс“, пенливо вино, литарски флаширани вина од литар од програмата „Бејзик лајн“ и литариполските „Магнум лајн“. Во трговските марки се и ракиите: „Марков манастир“ и „Жолта“.
Винарницата Сковин е основана во далечната 1979 година, продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од скопското виногорје. Таа за жителите на Скопје долго време важеше за место каде што може да се најде автентично домашно вино. Во 2001 винарницата Сковин беше откупена од групата Фершпед АД, по што следеше период на интензивни инвестиции и опремување на Винарницата со најсовремена опрема и технологија, со што Сковин прерасна во современа винарница и се усоврши во преработката на грозјето.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




