15 Декември, 2025
0.0950

КАКОВ ШОКАНТЕН ПОТЕГ НА КРАЛОТ ЧАРЛС, ВИЛИЈАМ ПОБЕСНЕЛ: Никој не очекуваше да му прости на Хари

Објавено во: Свет 30 Јануари, 2023 18:34

Добивај вести на Viber

Според извори од британската палата, кралот Чарлс, наводно, го повикал надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, да посредува за договор за принцот Хари и Меган Маркл да присуствуваат на неговото крунисување, што го налути Вилијам.

Британскиот крал Чарлс Трети е подготвен да му прости на својот син Хари. Според британските медиуми, повикувајќи се на извори од Палатата, монархот наводно побарал од надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, да посредува за договор со „одметнатото“ кралско семејство за принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да присуствуваат на неговото крунисување, закажано за на 6 мај оваа година во Вестминстерската опатија.

Како што пишуваат медиумите, кралот Чарлс проценил дека би било помалку штетно доколку Хари и Меган присуствуваат на крунисувањето, отколку ако бидат целосно исклучени од церемонијата. Сепак, на желбата на неговиот татко жестоко се спротивстави принцот Вилијам, кој верува дека неговиот помлад брат може да направи некој трик за тој и Меган да бидат во центарот на вниманието на крунисувањето, а не кралот Чарлс.

Извор близок до британското кралско семејство изјавил дека размислуваат под кои услови Хари и Меган би можеле да присуствуваат на крунисувањето.

- Вилијам бара на неговиот брат да му бидат претставени точно пропишани услови на однесување за време на крунисувањето и да им се посочи најконкретно дека тој и Меган мора безпоговорно да се покоруваат сè што ќе им биде кажано доколку сакаат да присуствуваат на крунисувањето - рекол изворот.

Сепак, прашање е дали Хари ќе се согласи на такви услови.

Инаку, британските медиуми направија и анкета меѓу граѓаните со прашањето: „Дали Хари треба да присуствува на крунисувањето или не?“. Повеќе од половина од анкетираните веруваат дека тој нема што да бара на тој настан. Поголемиот дел од луѓето, односно оние кои го осудуваат однесувањето на Хари, имаат над 50 години, додека помладите меѓу 20 и 35 години истакнуваат дека без разлика на се, на „одметнатото“ кралско семејство треба да му се дозволи да се појави со сопругата на крунисувањето.


Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса