18 Мај, 2024
0.0302

Каква цена на струјата не чека од задутре?

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Струјата за домаќинствата нема да поскапи затоа што тарифите за домаќинствата остануваат исти односно скапата тарифа е 5,55 денари за киловатчас, а евтината останува 2,78 денари за потрошен киловатчас

Цената на струјата за домаќинствата нема да поскапи, односно ќе остане иста, затоа што остануваат истите тарифите за домаќинствата и за фирмите кои и користат регулирана цена, дознава „Фактор“ од извори во Регулаторната комисија за енергетика.Тоа значи дека домаќинствата и во оваа грејна сезона ќе останат со истите тарифи по кои: киловатчас скапа струја е 5,55 денари, киловатчас евтина струја е 2,78 денари, а кај домаќинствата кои имаат една тарифа струјата и понатаму ќе чини 4,45 денари за еден потрошен киловатчас.

Како што дознаваме, ќе нема промени и кај тарифните потрошувачи од првиот и од вториот тарифен степен, а минимално односно за 0,01 денар ќе се зголеми цената на киловатчас електрична енергија потрошена за јавното осветлување. Изворите брифираат дека ќе нема промени ниту кај тарифните потрошувачи приклучени на 35 киловотна и на 10 киловолтна дистрибутивна мрежа.

Каква цена добиваат ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН?

РКЕ ќе ги намали тарифите за: производство на ЕЛЕМ, најголемиот домашен производител на струја и за пренос на МЕПСО, државната компанија задолжена за пренос на елетрична енергија и управување со системот. ЕВН Дистрибуција , операторот на електродистрибутивниот систем од РКЕ ќе добие зголемување на својата тарифа за дистрибуција, но тоа нема да влијае врз просечната цена на електричната енергија на тарифните потрошувачи. Според нашите сознанија намалување ќе има и кај тарифата за организирање пазар за електрична енергија што ја наплаќа МЕПСО, но тоа е многу мал износ што учествува во вкупниот трошок и заради тоа е незабележлив. 
Всушност можно е и минимално намалување на просечната цена, но тоа нема да го почувствуваат домаќинствата затоа што кај нив тарифите остануваат исти. 


Р. Ф.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа