Каква е состојбата со продажните цени на производителите на индустриски производи?
Објавено во: Економија 26 Август, 2016 19:05
Во јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1.0% на месечно ниво, а повисоки за 0.4% на годишно ниво.
Минатиот месец во споредба со јуни 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8%, интермедијарни производи, освен енергија за 1.0% и енергија за 0.2%, додека во групата трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2016 година во споредба со јули 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 7.5%, трајни производи за широка потрошувачка за 3.8%, енергија за 1.9% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




