Добивај вести на Viber
Иако ова реторичко прашање како наслов е преземено од еден легендарен цитат на Никола Младенов, неговата длабока суштина и денес се надвиснува над слободата на медиумите, во Македонија, Европа и светот. Терористичкиот напад во Франција повторно го покрена прашањето за слободата на говорот и дали може да има било какви ограничувања врз неа. Ќе се обидеме да ja погледнеме темата низ призмата на економијата, и видувањата на светските медиуми.
Современите земји се потпираат на принципот на поделба на власта, за да ja избегнат диктатурата и неправдата. Понекогаш, сепак токму четврта власт - медиумите, се испоставуваат како онаа власт која води до најефикасно решение за проблемите на едно општество.
Дали има врска помеѓу слободата на говорот и економската благосостојба на една земја?
Ајде да ги погледнеме топ листите.
Репортери без граници прави годишен извештај во кој прави рангирање на 180 земји во светот, рангирајки ги по слободата на информациите. За 2014 година земјата со најмногу слобода во новинарството во светот е Финска, со оценка од 6,4 поени. На второ место е Холандија - со 6,46 поени, а по неа следат Норвешка - со 6,52, Луксембург - со 6,7 поени и Андора - со 6,82 поени. Колку е пониска е оценката, толку помалку пречки има за слободно изразување.
На другата страна се земјите во кои објавувањето на критични статии или критика кон власта е речиси невозможно. Најмногу неслободна земја на оваа листа е Еритреја со оценка од 84,83 поени. Пред неа се Северна Кореја со 81,96 поени, Туркменистан - со 80,81 поени, Сирија - со 77,04 поени и Сомалија - со 73, 19 поени.
Дотука се чини дека нема ништо изненадувачки - најголема слобода на говорот има во богатите, добро развиени и мирни земји, а најмалку - во сиромашните, диктаторски и опфатени од конфликти земји. Да видиме дали податоците за нивните економии ќе го потврдат тоа.
Индексот за просперитет Легатум секоја година ја мери комбинацијата на богатство според БДП и благосостојбата според бројот на социјалните фактори меѓу 142 земји во светот. Според него, во 2014 година лидерот според слободата на говорот Финска е на 8-мо место во светот по благосостојба. Холандија повторно е зад неа, на 9-то место. Норвешка тука е во предност од своите соседи и го зазема првото место во светот. Луксембург е на стабилно 16-то место. Андора не е вклучена во списокот на држави, но економијата на земјата, исто така се развива повеќе од добро.
Опфатена од крвава граѓанска војна Сирија е поставена на 129-то место на листата. За жал, индексот на просперитет Легатум не вклучува податоци за Еритреја, Северна Кореја, Туркменистан и Сомалија. Затоа погледнете на кое место се овие држави само по бруто домашниот производ (БДП). Според податоците на ОН за 2013 година за 194 држави, Еритреја е рангирана на 161-то место. Северна Кореја е на 120-то место, Туркменистан е 88-ма, а Сомалија - на 174-то.
Тоа е само поглед на некои држави, но сепак трендот е јасно видлив.
Колку слободни се медиумите во една земја, толку подобро се развива нејзината економија и подобро живеат луѓето во неа.
Во средата францускиот хумористичен весник
Charlie Hebdo беше нападнат од маскирани терористи кои убија 12 лица и ранија над 20. Причината за ова се карикатури на
пророкот Мухамед и на лидерот на Исламската држава, објавени од весникот. Неодамна истото издание беше нападнато со бомби и преку хакерски напади. И тука многу луѓе ќе се запрашаат дали новинарите не би требало да се усогласат најмалку. Дали не требало да се обидат да не ги навредуваат на таков начин верувањата на луѓето.
Неколку месеци пред да биде убиен од терористите еден од уредниците на весникот
Стефан Шарбоние беше замолен од француски политичар да не прави сатира со пророкот Мухамед. Шарбоние одговорил:
"Претпочитам да умрам исправен, отколку да живеам на колена".
Ова искушение за слободата на говорот во Франција, а и во цела Европа стои пред сите нас. Во 2005 година, данскиот весник Жиланд пост објави карикатури на Мухамед, кои го разлутија целиот исламски свет. Во Иран гласаа за прекин на трговските врски со Данска, а во различни земји - од Алжир до Индонезија, гореа амбасади на западните земји, имаше лути банди, стигнаа дури и до значителен број убиства. Имаше и сериозни повици за бојкот на дански стоки, како и воопшто на западните стоки. Тоа ги влоши сериозно трговските и политички односи меѓу Данска особено и Западот воопшто од една страна и исламскиот свет од друга.
Поентата тука допира до фундаменталните вредности. Западната цивилизација, кон која припаѓаме и ние, е изградена на идејата за поделбата на власта и за слободата на говорот. За муслиманите сликите на пророкот Мухамед се забранети, а карикатурите им се дури уште повеќе навредливи. Како да се реши проблемот со постоењето на такви слики тогаш? За многумина тие се токму израз на слободата на говорот - можноста да го кажеш она што другиот не сака да го слушне. А ако се затвориме во себе и не го слушаме другиот, ја прекинеме трговијата и станеме самозадоволни, ризикуваме да станеме сиромашни, гневни и несреќни. Исто како во
Северна Кореја. Тоа ли го сакаме?
К.К.