15 Декември, 2025
0.0719

Каква иницијатива му испрати Апасиев на Џафери?

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2022 18:59

Добивај вести на Viber

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на собранискиот претседател Талат Џафери повторно му ја испратил истата иницијатива за референдум дополнета со алтернативно прашање.

„Дали сте за преговори со ЕУ со прифаќање на собраниските ставови содржани во Заклучоците од 16 јули 2022”, гласи одговорот на Апасиев до спикерот Џафери кој од него побара корекција на првичната инцијатива за референдум. 

Лидерот на Левица му навел на собранискиот спикер дека има низа пропусти, нелогични толкувања и неточни констатации на првата верзија. Тој бара итно новиот предлог да биде проследен на матичните комисии, а во спротивно се закани со кривична пријава, судски спор, како и целосна блокада на Собранието.

„Во известувањето (од Џафери) од правен аспект има неколку бисери. Првата смешка на која спикерот се повикува е тоа што цитира сосема погрешни членови од Деловникот, ме третира како пратеник што во случајов не е така, јас сум во својство на физичко лице. Следната смешка на која искрено „се цепев” од смеење е тоа што заборавил во темплејтот во кој го враќал известувањето, ако се сеќавате за Христијан Мицкоски во својство на овластен предлагач поради тоа што не можело да се оспоруваат меѓународни договори, во случајов заборавил да го тргне Џафери, иако јас не се повикувам на таков закон за ратификација“, кажа Апасиев. 

За Апасиев се спорни и уставните измени за кои власта бара широк консензус во Парламентот. Вели дека Левица ќе се согласи тогаш кога ќе има реципроцитет за Македонците во Бугарија. 

Претходно, Џафери ја врати на доработка иницијативата на Левица. Иницијатива за референдум поднесуваше и ВМРО-ДПМНЕ, но спикерот ја отфрли. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани