КАКВА ПОРАКА ИСПРАТИ РАДЕВ ВО ИЛИНДЕНСКАТА ЧЕСТИТКА ДО МАКЕДОНИЈА? „Втори август е славен датум за нашата заедничка историја“
Објавено во: Македонија 03 Август, 2024 13:44
Република Бугарија останува решена да работи на воспоставување добрососедски односи со Северна Македонија и да ја обезбеди потребната поддршка за исполнување на договорените критериуми за членство во ЕУ, вели шефот на бугарската држава во честитката до македонската колешка.
Како наследници на нашите предци, имаме одговорност и историска должност да ги следиме и достојно да ги чуваме заветите од нашето минато, заради нашата заедничка европска иднина, порачува претседателот на Бугарија, Румен Радев, во честитката до граѓаните на Северна Македонија и до колешката Гордана Силјановска-Давкова, по повод македонскиот државен празник Илинден.
Шефот на бугарската држава во честитката посочува: „2 август е славен датум за нашата заедничка историја и заедно со настаните поврзани со Илинденско-Преображенското востание се причина за гордост и почит кон храброста и посветеноста на нашите предци во името на нивните аспирации за слобода, еднаквост и правда“.
Според него, саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание го носи сеќавањето низ времето кое засекогаш ќе ги поврзе Бугарија и Република Северна Македонија и нивните граѓани.
„Високите идеали на востанието денес се основата на вредностите на обединета Европа“, потенцира Румен Радев констатирајќи дека заедничката европска иднина бара неопходна волја и искрен пристап во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и преземените обврски.
„Република Бугарија останува решена да работи на воспоставување добрососедски односи со Република Северна Македонија и да ја обезбеди потребната поддршка за исполнување на договорените критериуми за членство во ЕУ“, подвлекува Радев во честитката до Силјановска-Давкова.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




