20 Април, 2024
0.0279

Какви права имате во случај на откажан лет?

Објавено во: Економија 11 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Сезоната на летни одмори е во полн ек и многумина заминаа или се подготвуваат да отпатуваат до некоја далечна плажа со авионски превоз. За нив, посебно се важни информациите какви се нивните права ако заглават на некој аеродром поради откажан лет, им се изгуби багажот или им се случи некоја друга стресна ситуација.

- Обврските на авиокомпаниите се уредени со Законот за облигациони и стварно правни односи во воздушниот сообраќај и тие во случај на одложен или задоцнет лет се должни на патникот да му обезбедат храна и пијалаци, ноќевање, како и телефон за да го извести семејството за доцнењето, без разлика дали е заглавен на некој од нашите или европските аеродроми. Доколку, одложувањето на летот е преку ноќ, тогаш патниците имаат право на хотелско сместување и трансфер до хотелот. Законот предвидува дека ако летот е одложен повеќе од три часа, патникот може да побара да му се вратат сите пари што ги дал за билетот, но само ако одлучи да не го продолжи патувањето- вели Дарко Филиповски, претседател на Здружението на редовни авиопревозници во Македонија.

Авиопатниците имаат право на парична отштета, која зависи од должината на откажан лет. Односно, можат да побараат отштета од 250 евра за летови на релации до 1.500 километри, 350 евра за релации до 3.500 километри и 600 евра за релации подалечни од 3.500 километри, односно за пропуштен прекуокеански лет. Авиокомпаниите не се должни да платат оштета во случај на лоши метеорошки услови, штрајкови или политички нестабилности или за други настани што ќе докаже дека не зависат од него.

- Авионските патници што сметаат дека им се нарушени правата, најпрво треба да поднесат жалба до авиокомпанијата, а ако не добијат одговор во рок од шест недели или не се задоволни од него, треба да поднесат нова жалба, овој пат до воздухопловниот регулатор, а кај нас тоа е Агенцијата за цивилно воздухопловство, по пошта или преку формулар поставен на нивната интернет- страница- вели Филиповски.

Законот ги штити патниците и за евентуално губење или доцнење на нивниот багаж. Во таков случај, мора најпрво да се поднесе пријава до авиокомпанијата и тие можат да платат отштета до 1.200 евра за оштетување или загуба на багаж.

(М.Б.) 


Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор