Какви се нашите познати мажи според автомобилот што го возат?
Објавено во: Стил 24 Јули, 2019 08:44
Психологијата е моќна наука. На многу начини може да не дефинира, па дури и да не карактеризира според превозното сретство кое го возиме.
Мажите едноставно ги сакаат автомобилите! Меѓу нив постои една нераскинслива врска. Гаражата во која го чуваат својот “миленик” е местото каде најдобро се чувствуваат, таму бегаат за да си ги прочистат мислите или да донесат некоја важна одлука. Автомобилите некако им ја враќаат самодовербата и силата и ги прават моќни, надмени, горди… Имаат статус на личност во машкиот мозок и им се верни пријатели. За жените овие превозни средства служат да ги пренесат од точката А до точката Б и да бидат чисти, убави, миризливи, со префинети линии…и толку!
Не кај сите жени се разбира, но кај повеќето е така. Психолозите тврдат дека изворот на автомобил целосно го разоткрива машкиот карактер. Истражувањата покажуваат дека сопствениците на скапите автомобили како “Јагуар”, “Ферари”, “Мерцедес”, “БМВ” многу свесно и наменски бираат такви автомобили. Сакаат да бидат приметени, се трудат да го нагласат својот статус и моќ. Во принцип, тоа се добро ситуирани луѓе со успешни кариери, кои со своите автомобили и нагласуваат на околината дека се “алфа мажи”, предводници, лидери.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





