05 Декември, 2025
0.0351

Какви жени сакаат милионерите, а какви мажи бараат милионерките?

Објавено во: Стил 29 Септември, 2013 13:00

Добивај вести на Viber

Еден интернет сајт интервјуирал околу 15.000 луѓе за да дознае каков тип на партнери бараат милионерите. Резултатите покажале дека поголемиот број од мажите милионери околу 79.6% бараат жени кои не се богати, додека 84.5% од жените милионерки сакаат партнер кој е во еднаква имотна состојба. Претставникот на сајтот, Дарен Шустер, изјавил дека една од причините заради која мажите не сакаат да се забавуваат со богати жени е нивната потреба да пронајдат партнер за кој ќе се грижат. „Бевме изненадени кога откривме дека голем број од нашите членови кои се милионери бараат жени кои не се богати. Изгледа дека тие сакаат да го делат богатството. Со жените милионерки пак, ситуацијата е поинаква“, изјавил Шустер. Жените милионерки кои учествувале во анкетата откриле дека не сакаат да се грижат за било кој и дека сакаат финансиски стабилен партнер. Резултатите исто така покажале дека богатите жени се повнимателни со своето богатство, отколку мажите при стапување во брак. Скоро 80% од жените изјавиле дека би барале потпишување на предбрачен договор од партнерот, додека на истово би инсистирале само 17,4 % од мажите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: