23 Ноември, 2024
0.0264

Какво вино ви одговара според хороскопскиот знак

Објавено во: Општо 16 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Хороскопот може да каже многу нешта за вас, па така може и да открие кое вино најмногу би ви одговарало. Доколку сте љубители на виното и на хороскопот, откријте каква е нивната поврзаност и дознајте кое вино е совршено за вашиот вкус:

Овен: Malbec

Ова вино е силно и моќно и совршено се надополнува со вашата енергија и самодоверба. Нема сомнеж дека ќе уживате во неговиот богати киселкав вкус со или без храна, но секогаш со добар разговор.

Бик: Pinot Noir

Овој црвен сок е тешко да се направи, но со доволно упорност и страст (двете одлики кои добро ви се познати), може да доведат до вкусно ремек-дело, збогатено со арома на печурки и примеси на шумски плодови.

Близнаци: Pino Grigio

Вашата двојна личност е истовремено сериозна и комуникативна и затоа совршено одговара со свежо, но елегантно бело вино. Иако е суво и има киселкав вкус, една чаша од ова вино е исто толку освежувачки пијалак колку и чашата лимонада на топол летен ден.

Рак: Riesling

Лојални и сензитивни, секогаш ги ставате другите пред себеси. Заслужувате мала оддишка од бесконечните обврски што ги носите како товар, а има ли подобар начин за тоа од цветната јаболкова арома на ова бело вино?

Лав: Syrah

Среќата ги служи храбрите, па затоа пробајте го силниот вкус збогатен со танин на ова црвено вино кое одговара со секаков вид храна (особено месо).

Девица: Moscato

Најслаткото од сите. Вашата нежна и внимателна природа е исто толку пријатна како ова пенливо бело вино, кое убаво оди со сè, од морска храна до колачиња од шумско овошје.

Вага: Lambrusco

Сè е до балансот, а има ли подобар начин да се одржи рамнотежата од тоа да се испие чаша пенливо црвено вино? Не сите видови се слатки, некои се дури и суви надополнети со овошна арома. Ова вино е познато по тоа што ги зближува луѓето, па затоа разбудете ја вашата домаќинска природа и соберете ги пријателите на ручек.

Скорпија: Sauvignon Blanc

Вашата искреност ги привлекува луѓето, а истото може да се каже и за ова бело вино. Со многу мало количество шеќер и сув финиш, ова добро бело вино се претставува токму онакво какво што е – неоспорен квалитет.

Стрелец: Chardonnay

Ова богато бело вино секогаш успева да ја извлече насмевката на вашето лице и одговара совршено со вашата добра смисла за хумор. А со оглед на тоа што секогаш сте подготвени за авантура во природа, ова е одличен избор за сите ваши летни прошетки. Може ли да ви препорачаме чаша Шардоне на врвот на планината што планирате да ја искачите?

Јарец: Cabernet Sauvignon

Познато по грозјето со дебела лушпа и богатата арома, ова вино совршено одговара на вашиот вкус. Спојте го со класичната вечера која се состои од печено месо и компири и уживајте во вашиот допир со софистицираната традиција.

Водолија: Orange

Вашата независност и ексцентричност ви кажува дека ви треба вино кое е исто толку уникатно како и самите вие. Направено од бело грозје кое сè уште ја содржи лушпата (причината за портокаловата боја на виното), силната блага арома на ова портокалово вино совршено одговара на вашата неконвенционална природа.

Риби: Rosé

Нежни и добри по природа, вашиот совршен избор се крие во овој летен микс. Одберете полу слатка француска сорта (послужена ладна, се разбира) која одлично одговара со салати и вашата бескрајна чувствителност.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.