29 Септември, 2023
0.0350

„КАМ“ останува најпосакуван работодавач – го зголемува регресот за годишен одмор на 37.600 денари за сите вработени

Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

„КАМ маркет“, најпосакуваниот работодавач во категоријата маркети за изминатата година, значително го зголемува регресот за годишен одмор, кој годинава ќе изнесува 37.600 денари.

Со новото зголемување, регресот е за 14% повисок од исплатениот регрес за минатата година, а 175% повисок од законски утврдениот минимален регрес.

Покрај зголемувањето на регресот за годишен одмор, кој повеќе години наназад е повисок од просечна плата, „КАМ“ најавува и дополнително проширување на листата на бенефиции. Покрај овозможениот платен превоз и топол оброк за вработените во Логистичкиот центар, новини се: обезбеден бесплатен превоз за вработените во маркетите со место на живеење над 5 км од работното место, како и колективно осигурување за сите вработени.

- Луѓето се највредниот капитал на секоја компанија, а ние во „КАМ“ сме свесни за тоа. Токму затоа продолжуваме да ги подобруваме условите за работа и да им овозможиме придобивки поради кои ќе бидат задоволни, а со тоа и попродуктивни. Тоа е и наша обврска – да го оправдаме епитетот „најпосакуван работадавач во категоријата маркети“. Дека сме на вистинскиот пат зборува и податокот дека речиси 20% од вработените во „КАМ“ станале дел од нашето големо семејство благодарение на акцијата „Доведи пријател“. Во рамките на оваа акција сегашните вработени добиваат паричен надомест доколку препорачаат лице што потоа ќе стане дел од нашиот тим – велат од  „КАМ“.

Можеби ќе ве интересира

Лидер во земјоделското осигурување за 2023 - Признание за СН Осигурителен Брокер АД Битола

Лидер во земјоделското осигурување за 2023 - Признание за СН Осигурителен Брокер АД Битола

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт

На Манаки ОФФ програмата – промовирана првата македонска плоча снимена со музика во живо

На Манаки ОФФ програмата – промовирана првата македонска плоча снимена со музика во живо

Направи ја најдобрата модна комбинација и освој ваучер од Fashion&Friends

Направи ја најдобрата модна комбинација и освој ваучер од Fashion&Friends

Пуштена во употреба најголемата онлајн продавница во Македонија

Пуштена во употреба најголемата онлајн продавница во Македонија

„Макпетрол“ ја обнови и пушти во употреба бензинската станица во Кавадарци

„Макпетрол“ ја обнови и пушти во употреба бензинската станица во Кавадарци

Македонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик

Македонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик

Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година

Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година

„The Hub” е нов коворкинг простор во Скопје кој ќе го враќа профитот во заедницата

„The Hub” е нов коворкинг простор во Скопје кој ќе го враќа профитот во заедницата