25 Ноември, 2024
0.0285

Камчев: Бојан Јовановски, Зоран Милевски и синот на Катица Јанева ми нудеа два проекти

Објавено во: Македонија 18 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Јордан Камчев кој денеска сведочеше за случајот „Меѓународен сојуз“ побара да биде изземен како сведок бидејќи како што рече, надвор од сите законски одредби, со грубо кршење на законот и вршење директна тортура врз него му бил изречен притвор со што се создадени вештачки притисоци и со тоа тој не може да биде кредибилен како сведок пред Обвинителството. 

Откако Обвинителството и судот не го прифатија барањето, во сведочењето тој и на одговорите на Обвинителството и на одбраната им рече дека „Меѓународен сојуз“ и „Рекет“’ се едно исто, односно се работи за ист случај кој започнал пред предметот „Империја“ и чија жртва директно и сè уште е тој. 

Тој вели дека прв пат во есента 2018 му биле понудени двата конкретни проекти од страна на Лазар Јанев, синот на Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец, a кои тој ги одбил поради нивна економска неоправданост и посочи дека воопшто немал контакт со Меѓународен сојуз. 

Камчев додаде дека проектот за трговскиот центар не го прифатил бидејќи сметал дека тоа ќе биде нерентабилно, додека за старечкиот дом се откажал откако Јовановски му рекол дека е излажан од градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

За Меѓународен сојуз имал само некои информации кои ги добил единствено од телефонски разговори со Оливера Трајковска. Рече дека доколку Обвинителството сака потврда дека тоа е се што Јордан Камчев има како сознание за Меѓународен сојуз може да ја искористи примената на пи –мерки од неговиот телефон кој е следен за да се утврди дека тоа е се што тој знае за Меѓународен сојуз. 

Јордан Камчев кажа дека и дека никогаш немал контакт, ниту ги познава Фросина Ременски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ кои се обвинети во Меѓународен сојуз.

„Никогаш во мојот живот Ременска, таткото на Бојан не сум ги видел ниту чул. Единствено што знам од Оливера Трајковска кога зборела кој се праел и што праел. Од Лазар Јанев, синот на Катица имаше потпис на документот. Кичеец и Боки беа присутни, а на едниот од договорите беше Лазар Јанев. Не го познавам синот на Катица, сум го видел само на фотографии“ рече Камчев меѓудругото.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска