Канабисот легален, трка на компаниите за новата бизнис гранка
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2012 12:38
По децении на борба против канабисот, почна зелена грозница во САД, во која компаниите буквално се тркаат која прва ќе ја почне новата бизнис гранка.
Волстрит ја поддржа легализацијата на канабис во Вашингтон и Колорадо, каде гласачите на референдум изгласаа дозволено поседување на 28,5 грама канабис. Компанијата Медбокс производител на автомати за медицинска марихуана во Калифорнија, расте од ден на ден, а изминатата недела вредноста на акциите и скокнаа за дури 3.500 отсто со препорака од Волстрит, пренесува Јутарњи лист.
Брокерите порачаа дека следи зелена грозница која овој пат ќе ги збогати продавачите на лопати, а не копачите на злато. Интересно, Медбокс реагираше само неколку дена по дивеењето на берзата со предупредувања дека цената не е реална ниту се темели на деловниот успех. Освен оваа компанија, рапидно јакнат и Вед Мапс компанија за трговија на канабис, како и Грин Гро Технолоџис за опрема за хидропоника на канабис.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




