Канада ќе преземе „значителни чекори“ за визите за граѓаните на ЕУ
Објавено во: Балкан 24 Мај, 2016
ЕУ и Канада се обврзале да преземат „значителни“ чекори за да „ја подобрат ситуацијата“ во врска со визниот реципроцитет. Ова се наведува во соопштението на Европската комисија по повод посетата во Торонто на еврокомесарот за миграцијата и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.
Се забележува дека прашањето со визите, барано од Канада за некои од граѓаните на ЕУ, било дел од билатералните разговори. Канада и ЕУ се клучни историски партнери, решени да продолжат со статегиско пријателство и врски во иднина, се наведува во пораката.
На 12 мај постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ амбасадор Димитар Цанчев соопшти дека во оваа фаза Бугарија има тешкотии да го поддржи договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада, без да биде решено прашањето со визниот реципроцитет меѓу Канада, Бугарија и Романија.
Амбасадорот ја изразил бугарската позиција на седница на Советот на ЕУ за надворешни работи. Намерите на претседателството на Советот се до крајот на јуни договорот да биде поднесен за одобрување. Предвидено е потоа документот да биде подложен на ратификација од националните парламенти.
Рокот за елиминацијата на визите за бугарските и романските граѓани истече, но се уште нема решение.