Истрага на СЈО: Тендер за изградба на Музејот на ВМРО
Канчевска Милевска на прес „ќе се правда“ за истрагата „Тендери“ на СЈО

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016
Откако специјалното јавно обвинителство денес отвори истрага за тоа како делеле тендерите и се штелувале јавните набавки за градбата на Музејот на ВМРО , министерката за култура Канчевска Милевска најверојатно образложение според најавите ќе даде во 14.30 минути.
Специјалната јавна обвинителка презентирајќи ја истрагата „Тендери“ рече дека Министерството за култура и Комисијата за јавни набавки на министерството договориле тендер за фирма од Штип да го добие тендерот.
Постои основано сомнение дека пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на принципите на конкуренција и транспарентност предвидени во член 2 од Законот за јавните набавки и спротивно на чл.28 од истиот закон, пред да се донесе одлука за потребата од јавна набавка, првоосомничената веќе донела одлука кој, и да ја добие и да ја заврши работата, предмет на набавката“, истакна Фетаи.
Таа образложи и дека доказите упатуваат на основано сомнение дека првоосомничената на 14.06.2011 г. преку телефонска комуникација со сведокот, тогашен генерален директор на градежна компнаија од Штип, му кажала на истиот фирмата да продолжи со работа на објектот каде тековно изведувале градежни работи по претходно склучениот договор за јавна набавка, да ги изведе и сите работи што произлегувале дополнително и да не се чека дваесет дена за спроведување на нова јавна набавка.
„Според доказите, првоосомничената на сведокот му кажува и дека истата веќе средила со второосомничената да комисијата за јавни набавки откако ќе се објави огласот, договорот го додели на фимра од Штип, бидејќи договориле да предвидат такви услови и критериуми за доделување на договорот, кои единствено ги исполнувал Бетон Штип, и не може друг субјект да победи.
Доказниот материјал упатува на основано сомневање дека градежната фирма во меѓувреме, без спроведена постапка за јавна набавка ги изведувала завршните градежни и градежно-занаетски работи на објектот, согласно барањата на првоосомничената, и потоа, откако на 20.06.2011 година бил објавен огласот за доделување на јавна набавка, фирмата доставила понуда и земал формално учество во постапката.
Како што наведов, на 18.07.2011 година фирмата доставила понуда во постапката за јавната набавка, и иако сите осомничени знаеле дека таа компанија веќе ги изведува работите на објектот од огласот за доделување на јавна набавка, сепак, второ, трето и четврто осомничените како комисија за јавни набавки составиле извештај од спроведената постапка од 19.07.2011 година дека најповолен понудувач етокму фирмата од Штип, па на 26.07.2011 година од страна на првоосомничената е донесено решение за избор на најповолна понуда.
Потоа, на 05.08.2011 г. е склучен договорот за јавна набавка за изведување, на како што напомнав, веќе изведени работи. Договорот е склучен помеѓу МК, застапувано од првоосомничената и фирмата од Штип, застапувана од сведокот -Генерален директор, со вредност од 62.480.543 денари (околу 1 милион евра).
Врз основа на договорот од МК нафирмата од Штип заклучно со 31.12.2013 и бил исплатен износ од 54.501.336 денари“, соопшти обвинителката Фатиме.
Од СЈО потенцираа дека со ваквите дејствија постои основано сомневање дека осомничените сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ и дека против дел од осомничените во овој предмет, од судот ќе бидат побарани соодветни мерки за нивно обезбедување присуство во текот на постапката.
Дел од медиумите веќе го споменаа името на министерката како првоосочничена во овј случај, но ставот на Канчевска Милевска ќе го пренесеме после прес конференцијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
