15 Мај, 2024
0.0324

Канонада од тужби за дирекцијата на ТИРЗ

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Вредноста на тужбите покренати кон Дирекцијата за технолошки индустриски равојни зони за само една година пораснале двојно, покажува објавениот извештај на независниот ревизор. 

Според наодите, во 2017-та судските постапки покренати против дирекцијата која менаџира со инфраструктурата во слободните економски зони и им дава поддршка на странските и домашните инвеститори изнесуваат вкупно 74,3 милиони денари, додека само една година претходно нивниот збир бил 39,2 милиони денари.

Не се наведува дали станува збор за тужби покренати од странски инвеститори или други субјекти со кои биле склучувани договори и за кои од нив конкретно се работи, ниту пак се открива бројот на правните или физички лица. Останува на Дирекцијата да објасни дали ваквата промена на бројките значи и евентуално незадоволство од нејзините обврски или услуги. Оваа сума не е ставена во активата на трошоци.

- Не е евидентирано резервирање на денот на известување, бидејќи професионалните правни совети покажуваат дека нема веројатност за појава на значителни загуби. Освен тоа, разни правни дејствија и побарувања може да се појават во иднина против ДТИРЗ од правните спорови и побарувања кои може да се јават во текот на редовното деловно работење. Иако резултатот од оваа проблематика не може секогаш со сигурност да се утврди раководството на ДТИРЗ верува дека нема да резултираат во материјално значајни обврски - се вели во заклучокот на извештајот.

За субвенции и трансфери за работниците во зоните, според договорите со инвеститорите, преку дирекцијата за ТИРЗ се исплатени во 2017-та над 5 милиони евра, односно 317 милиони денари, односно 45 милиони повеќе во однос на една година претходно. За капитални инвестиции за градежни објекти на инвеститорите се дадени 3 милиони евра. Вкупните трошоци се 9,4 милиони евра. 

Освен што дава помош, дирекцијата има и приходи од инвестициите во зоните, па така наплатила 180 милиони денари од записи за влез-излез, надоместоци за одржување на инфраструктурата и закупнини од деловен простор. Продаден е природен гас за еден милион евра, наплатени се такси од 14 милиони денари и 4,5 милиони денари од закупнина на земјиште.

Годината е завршена со повеќекратно поголема сума, за разлика од 2016-та, на обврски кон добавувачи од нешто повеќе од 2 милиони евра и по обврски за задржани депозити за градежни работи за сума од 1,1 милион евра. Дирекцијата дала еден милион евра како аванс за приклучоци за струја и за природен гас.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри