19 Декември, 2025
0.1320

Нафтоводот Солун-Скопје се отвора до крајот на годината, Хеленик Петролеум ќе ја реинвестира оштетата

Објавено во: Економија 29 Септември, 2020 09:57

Добивај вести на Viber

Прашањето за повторно отворање на нафтоводот Солун-Скопје беше една од темите за кои се разговараше вчера за време на трипартитната средба меѓу Грција - Северна Македонија и САД за време на посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Како што е познато, нафтоводот е затворен од 2013 година кога од страна на Хеленик Петролеум оценија дека неговото работење е непрофитабилно. Во исто време, „Хеленик петролеум“ поднесе барање против Скопје за исплата на надоместок, поради непочитување на клаузулата за откуп на енермно пропишани количини на гориво од грчката компанија во периодот 2008-2011 година.

Според информациите, Хеленик Петролеум и Северна Македонија размислуваат да најдат вонсудска формула за ставање крај на спорот, со тоа што грчката компанија има намера да ја искористи сумата што ќе ја добие за да инвестира во секторот на зелена енергија во нашата земја, објави грчки Капитал.

Во исто време, ЕЛПЕ има намера да ги искористи капацитетите на рафинерија ОКТА во Скопје со цел да создаде транзитен центар за поширокиот регион на Балканот и главно за земјите каде што има присуство на ЕЛПЕ. Забележано е дека гасоводот има должина од 213 километри додека во објектите на ОКТА има резервоари со капацитет од 350 илјади тони.

ЕЛПЕ во Македонија преку ОКТА исто така се активни во трговијата на мало со работа на 27 бензински пумпи. Бидејќи нафтоводот во моментов не работи, нафтата се транспортира со цистерна, додека заедничка тајна е дека , како што тврди Капитал, дека трговијата со нафта и деривати не е добро регулирана и контролирана, па на овој начин ќе му се објави војна на шверцот.

На вчерашниот состанок присуствуваа министерот за животна средина и енергетика Костас Хацидакис, заедно со заменик-министерот за надворешни работи, генералниот секретар за енергија,  управниот директор на ЕЛПЕ, како и претседателот на групацијата. Од македонска страна учествуваа вицепремиерите Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, додека САД беа претставени од министерот за надворешни работи Франсис Фејнон и американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мари Брнз.

За време на состанокот беше одлучено да се формира заедничка работна група со цел да се најде решение за повторно отворање на гасоводот до крајот на годината.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии