Караџовски: Во овој период државата се надрасна себеси
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Мај, 2020
Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје изјави дека за 14 дена имаат од 10 до 40 регистрирани случаи, односно во просек 24.
Вели дека она што треба да се каже е дека имаме 113 смртни случаи, но во последните 14 дена смртноста е намалена.
„Еден од факторите што не натера да размислуваме за олабавување на овие мерки во прва, втора фаза, е намалениот морталитет којшто ги следи светските и европските трендови“, вели тој.
Додаде дека ќе има скрининг на населнието, односно ќе бидат направени 10.000 тестови кои ќе ги опфатат лекарите, таксистите, вработените во АРМ.
Во 7 градови има од 1 до 3 пациенти кои ги следиме, додаде тој.
За 15 луѓе кои починале вели дека во болничките установи се појавиле во терминална фаза, кога било предоцна.
Караџовски рече дека на почетокот излегле со проценка колку заразени ќе имаме, и на крајот се испостави дека бројот на позитивни е согласно предвиденото.
„Ве уверувам дека во овој период државата се надрасна себеси“, рече тој.
Караџовски додаде дека топлата клима не го убива вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.