КАРАКАМИШЕВА: Mладите ја напуштаат Македонија поради невозвратена љубов
Објавено во: 06 Јануари, 2016
Професорката и аналитичарка Тања Каракамишева во својата колумна во весникот Дневник пишува за причините поради кои младите си заминуваат од Македонија. Според неа, причината за иселување на околу 600 000 луѓе не е во лошите услови за живот и тешката економска ситуација, туку младите си оделе од Македонија поради духовна неисполнетост.
„Иако мојот репрезентативен примерок е релативно мал (околу триесетина луѓе), сепак тој може да биде добра основа за лоцирање на вистинските причини за заминувањето на младите од земјата. Иако генерално во јавноста се мисли дека причините се од егзистенцијална, а се шпекулира дека се и од политичка природа, многу малку се знае дека најголемиот дел не заминале во странство заради недостаток од пари, туку заради духовна неисполнетост, нереализираност на приватен план, како и поради чувството на љубовна празнина во домот." - пишува Каракамишева.
Таа заклучува дека раскинувањето или разводот од партнерот, но и незадоволството од семејните односи меѓу родителите, браќата, сестрите (главно заради присутното семејно насилство) се најчестата причина за заминувањето на младите.