КАРАНТИН И ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Хрватска утврди нови правила
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Јуни, 2020
Задолжителен карантин од 14 дена е воведен за македонски државјани по влез во Хрватска.
Земјата утврди посебен режим за влез на луѓе од Македонија, БиХ и Србија. Сите што ќе влезат од овие земји ќе мора да поминат 14 дена во изолација.
Обврската не важи за транзит низ земјата.
За едно деноноќие во Хрватска се потврдени 22 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени се искачи на 2.388.
Досега оздравеле 2.145 луѓе, а починале 107 лица. Уште 136 лица се лекуваат.
Хрватска презема вакви мерки затоа што во регионот расте бројот на заразени од коронавирусот.Македонија со денови има над 100 заразени на дневна основа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.