19 Декември, 2025
0.0612

Каргов: За 10% поголема наплата на царините

Објавено во: Економија 14 Мај, 2013 13:34

Добивај вести на Viber

Во буџетот во првите четири месеци од годинава приходите од царина се за 10 проценти поголеми од планираното и оствареното во истиот период лани. -Царините во првите четири месеци од годинава се наплатени во поголем износ од планираното и оствареното во минатата година. И наплатата на акцизите во овој период е над нивото од лани и се движи на ниво над планираното“, изјави денеска Ванчо Каргов, директорот на Царинската управа на Република Македонија. Денеска во Царинската управа беше претставена Донаторската конференција на која Државниот комитет за царина на Азербејџан донира техничка опрема за Регионалниот тренинг-центар на Светската царинска организација. Македонија и Азербејџан перманентно ја унапредуваат соработката не само на политички, туку и на економски и културен план, оцени директорoт на царинската служба на Азербејџан Ајдин Алиев. -Имаме многу добра соработка меѓу двете царински служби и соработуваме на различни активности, Алиев. Азербејџанската царина донираше опрема на македонската царина. -Соработуваме на ниво на Светска царинска организација и на регионално ниво. Оваа соработка ја поттикнува и економската соработка меѓу двете земји“, рече Каргов. Ова е трета посета на делегација од Азербејџан која ќе биде искористена за промоција на културното наследство на оваа земја во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?