24 Ноември, 2024
0.0374

КАРИЕРА И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА HEIDELBERG FACULTY OF SKOPJE - ВЕДНАШ ПОСЛЕ МАТУРА

Објавено во: Мои пари 01 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Како да се избере најдобриот факултет и идната кариера!?

Изборот на идната кариера, студии, одлука на кој факултет да се студира е сериозен предизвик пред кој се исправени идните студенти.

Родителите секако може да бидат од голема помош давајќи соодветни насоки и совети како да се направи најдобриот избор кога станува збор за избор на идното високо образование и професионална кариера. Но, советите од искусни едукатори и професионалци се секогаш добредојдени за да се донесе најдобрата одлука.

Факултетот Хајделберг во Скопје беше гостин на повеќе компании изминативе денови, а со цел - нова кариера и професионален развој, веднаш после матура. Со тоа германците од Хајделберг сакаат да им обезбедат на средношколците, веднаш после матурирањето основни алатки за планирање кариера и личен раст.

За таа цел, петставници од Хајделберг Факултетот во Скопје (Heidelberg Faculty of Skopje), проф. д-р Синиша Наумоски, претставник на Бордот на директори од Германија и Добринка Демјански, Директор за развој и  продажба, остварија средба со претставници на компанијата Vezë Sharri & Lecker и Elektro Sharri, Арбен Абдурахмани, сопственик на компанијата, Абдулезел Догани, Главен извршен директор и Арлинд Абдурахмани, одговорен за одделот за пракса и учење.

Целта на состанокот е можноста Veze Sharri & Lecker и Elektro Sharri да бидат дуален партнер на германскиот факултет Хајделберг Факултет во Скопје (Heidelberg Faculty of Skopje).

Имено, на средбата се разговараше за моделот на дуално образование и негова примена во Македонија преку локалниот бизнис сектор и негова поддршка. Соработката на Хајделберг Факултетот во Скопје (Heidelberg Faculty of Skopje) и Veze Sharri, Lecker и Elektro Sharri ќе им помогне на студентите од Тетово коишто студираат на Хајделберг Факултетот во Скопје да го одржат делот од практичното учење во текот на своето студирање.

Посета на Реплек АД Скопје

Во рамките на официјалната пoсeта на Германската делегација од Франкфурт и Хајделберг во Скопје, во просториите на Реплек АД Скопје, се реализираше работен состанок со управата на компанијата, претставувана од претседателот на УО, г-дин Душан Пецовски, како и директорката на одделот за човечки ресусри, г-ѓа Дојранка Анастасовска Цветковска. Од страна на делегацијата од Германија, а во име на Хајделберг Факултет во Скопје, претставници беа:  Претседател на бордот на директори на Хајделберг Факултет во Скопје, проф. д-р Улрих Цајтел, претставникот на управата за Скопје, проф. д-р Синиша Наумоски, како и раководството од Франкфуртскиот универзитет Провадис, претставуван од претседателката на УО, проф. д-р Уршула Ото и директорот за развој Лукас Рудериш.

На средбата, од страна на германската делегација беше презентиран германскиот модел на високо образование, како одличен пример за развој и големи успеси кај речиси сите  производни компании од фармацијата и оние од хемиската индустрија, а сегашни и идни партнери на македонскиот Реплек АД Скопје.

Претседателката на Франкфуртскиот универзитет Провадис, проф. д-р Уршула Ото кажа дека нивниот универзитет е голем креатор на нови млади работници за германските фармацевтски компании, веднаш после завршување на средното училиште. За таа цел, делегацијата од Германија го презентираше начинот и стратегијата за работа во новата германска високообразовна установа Хајделберг Факултет во Скопје, како и условите за студирање во петтиот семестар во Франкфурт за сите идни и млади студенти – финансисти и ИТ дипломци, кои ќе бидат дел од наставата во првата генерација.

На средбата, се покажа интерес од двете страни за активна посветенот кон образовниот процес, со цел - враќање на многу млади успешни претприемачи во Македонија. Затоа, со основањето на Хајделберг Факултет во Скопје, за прв пат се создаваат реални можности за внесување на нов начин на високо образование во македонскиот образовен систем, беше речено од страна на проф. д-р Цајтел.

Шпаркасе Банка домаќин на германската делегација од Франкфурт и Хајделберг

Домаќин на работната средба со германската делегација од Франкфурт и Хајделберг беше претседателот на Шпаркасе Банка АД Скопје, м-р Санел Кустурица. 

На средбата, од страна на германската делегација беше презентиран Франкфуртскиот дуален модел на високо образование, како прва фаза од стратегијата за трансфер на студиите во македонскиот образовен систем. Имено, Хајделберг Факултет во Скопје беше акредитиран и признаен како нов партнер за изведување на додипломски германски студии.

Ова, како што кажа проф. д-р Цајтел, претставува одлична можност за банките, да влезат во проектот, особено оние со странски капитал (од земјите со германско-австриско јазично подрачје - членки на ЕУ), затоа што, тие, одлично го разбираат концептот на дуалното високо образование, и заедно со нас, како уникатна високообразовна установа Хајделбер, да креираме нови и идни банкари, уште од најраната возраст, на пример од 21 или 22 години. Практично, тоа е уникатноста на нашиот образовен модел во Хајделберг факултет во Скопје. Да се креираат кадри заедно со нашите дуални партнери во текот на студиите, во сите три години од циклусот, дополни директорот за развој, г-дин Лукас. 

Имено, како што беше нагласено, една од најважните елементи на успехот на тамошната економија е вложувањето и развојот на млади кадри, веднаш после завршување на средното училиште. За таа цел, делегацијата од Германија, го презентираше начинот и стратегијата за работа во новата германска високообразовна установа Хајделберг Факултет во Скопје, како и условите за студирање во петтиот семестар во Франкфурт за сите идни и млади студенти – банкари, кои ќе бидат дел од наставата во првата генерација.

Претседателот на Шпаркасе Банката изрази интерес да се оди во наредна фаза од процесот, а тоа ќе значи формирање на работна група за целите на проектот, составена од двете институции.

Средба со раководството на ХАЛКБАНК АД Скопје

На средбата, како што беше нагласено, една од најважните елементи на успехот на тамошната економија е вложувањето и развојот на млади кадри, веднаш после завршување на средното училиште.

Раководството на банката (главниот извршен директор д-р Билал Суџубаш и членот на УО во банката, д-р Беркан Имери), изрази волја и интерес да биде дел од овој процес. Како што заклучија домаќините од раководството на банката – ХАЛКБАНК и институција со голема општествена одговорност и висока посветенот кон образовниот процес. 

Како што беше кажано, овој модел е пример за успешност во германската економија. За таа цел, со основањето на Хајделберг Факултет во Скопје, за прв пат се создаваат реални можности за трансфер на нов начин на високо образование во македонскиот образовен систем, беше речено на крајот од страна на проф. д-р Цајтел.

Стратешко планирање кариера и развој на таленти

Поставување јасни цели во кариерата користејќи различни алатки и техники е особено важно при планирањето на кариерата и професионалниот развој, истакна д-р Мирјана Алексова, раководител на Центарот за стручна обука на Факултетот во Хајделберг.

Во моментот на студии, според д-р Алексова, кај студентите, важно е да ја препознаеме и негуваме нивната надареност и талентираност. Тоа е од огромната важност на функционирањето на талент менаџментот во компаниите, бидејќи ,,сé може да се одложи само грижата за талентите не“. За таа цел, ние во Центарот за стручна обука на Факултетот во Хајделберг, применуваме практични стратегии за ефективно планирање на кариерата и управување со таленти, опремувајќи ги студентите со вештините неопходни за навигација на нивната професионална иднина, дополни д-р Алексова.

Негување емоционална интелигенција и самореализација

„Среќата е избор“. Наде Молеровиќ, искусен и мотивациски говорник, како дел од тимот на Хајделберг Факултет во Скопје, објаснува дека среќата е оптимистичка ментална состојба вкоренета во внатрешни фактори, независно од надворешните околности. За таа цел, секој од студнетите, во текот на студиите, кај нас, ќе има теми за саморазвој, како што се: самореализација, емоционални вештини, ефективна комуникација, емпатија и активно слушање, истакна Молеровиќ. Имено, таа ги охрабрува идните стундети да го истражуваат своето внатрешно јас, нагласувајќи ја улогата на емоционалната интелигенција и самосвеста во личниот развој. Имено, за неа, имаат голема важност здравите односи на студентите со родителите, пријателите и заедницата, како и поддршката од Хајделберг факултет во негувањето на овие врски.

Моделот на дуално образование, меѓународните партнерства и фокусот на емоционалната интелигенција и планирањето на кариерата го прават идеален избор за идните студенти

Проф. д-р Питер Холм од Франкфурт е дел од моделот на дуално образование, кој ги комбинира академските студии со практичното работно искуство, обезбедувајќи им на студентите сеопфатно и применето искуство за учење.

Оттука, како што велат од факултетот, во текот на летниот период, под мотото „Стратегија 70“, во текот на сите 70 дена, за младите од Македонија, продолжуваат со организација на средби, настани, семинари и работилници, посветени на помагање на студентите да ги идентификуваат и развијат своите таленти, да постават цели во кариерата и да стекнат основни вештини.

Со нудење на овие можности, факултетот ги поддржува студентите во нивното патување кон професионален успех и лично исполнување.

За родителите кои бараат образовна институција која ја нагласува и академската извонредност и личниот развој, Факултетот Хајделберг од Скопје нуди единствена и поттикнувачка средина за едукација на нивните деца.

Факултетот неодамна го објави Конкурсот за упис за студенти за академската година 2024/2025 за две студиски програми  Бизнис администрација и Податоци и компјутерски науки. Студиската програма предвидува 6 семестри од кои еден ќе се студира во Германија. По завршувањето на студиите студентите се здобиваат со германска диплома. 

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!