19 Декември, 2025
0.2387

КАРТАТА НА ШАНСИ Е ПРИЛИКА ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА ЛУЃЕТО ОД БАЛКАНОТ - еве каков е системот на бодување и кои услови мора да ги исполните

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2023 10:36

Добивај вести на Viber

Картата на шанси, која наскоро треба да стапи во сила во Германија, ќе им овозможи на странските работници полесно да се вработат и да добијат виза, и иако е тоа многу полесен начин да се дојде во оваа земја, за да се добие, неопходно е да се исполнуваат одредени услови.

Првото барање кое што се гледа за картата на шанси е диплома, а под тоа се подразбира диплома од средно или високо образование признаена во Германија. Таа треба претходно да биде нострифицирана. 

Исто така, важно е да можете да се издржувате додека не најдете работа во Германија. Познавањето на германскиот јазик ќе ви помогне многу во ова. Треба да знаете минимум А1 ниво или англиски Б2 минимум.

Врз основа на сето тоа, тогаш ќе можете да живеете во Германија до една година без виза и да барате работа таму во тој период, а не како порано кога требаше да имате работа и доказ од вашиот работодавец за да заминете.

Објаснување за тоа како функционира картичката на шанса може да се најде и на популарните социјални мрежи како TikTok, каде точните услови и системот на бодување се наведени во видео.

Примери за бодување за картата на шанса

диплома (стручно образование) - 6 бода

возраст до 35 години - 2 поени

возраст помеѓу 35 и 40 години - 1 поен

Сертификати за германски или англиски јазик - 4 поени

професионално работно искуство - 3 поени

претходен престој во Германија (од 6 месеци) - 1 бод

доколку едниот брачен другар ги исполнува сите услови и се посакува заедничко барање за брак - 1 бод

Извор: Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба