Kарванот на Жито маркети „Награди за насмевки“ повторно во Кичево
Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2015 12:52
Карванот на Жито Маркети, „Награди за насмевки“ повторно ќе го посети Кичево. На барање на задоволните граѓани, на 20ти јуни во Жито Маркетот во овој град ќе бидат достапни забавните игри, промоциите и попустите при купувањето. Претходно карванот помина низ повеќе градови меѓу кои Тетово, Велес, Валандово, Прилеп, Неготино, Делчево, Кочани, Гостивар и насекаде интересот на граѓаните беше огромен како и задоволството од добиените награди. Вкупниот број на граѓани и купувачи на Жито Маркети кои го посетиле карванот по градови е околу 40.000, а само во Кичево на карванот се придружиле околу 3.500 посетители.
„Масовното присуство на граѓаните доволно говори за потребата од вакви акции како и задоволството од наградите и поволностите што ги нудиме. Затоа повторно се враќаме во Кичево со што карванот ќе го заврши своето патување и наградување за оваа сезона. Но, во блиска иднина спремаме и други новитети со кои повторно ќе ја обиколиме Македонија и кои што ќе придонесат за уште многу радост и изненадувања за сите наши лојални купувачи“, изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор на Жито Маркети.
Оваа сабота, на 20ти јуни како дел од настанот граѓаните на Кичево ќе можат да ги искористат поволностите, акциите и попустите што преку оваа акција ги овозможуваат Жито Маркети и да го завртат Тркалото на среќата кое носи вредни изненадувања. Посебна радост ќе биде онаа кај најмладите, кои преку организираната забавна програма ќе добијат голем број изненадувања и можност да се фотографираат во рамки со познати ликови од омилените цртани филмови, како и цртање на лицето со природни бои.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





