15 Декември, 2025
0.0379

Каско Плус е нов производ на UNIQA осигурување

Објавено во: Мои пари 08 Август, 2014 12:26

Добивај вести на Viber

Зголемена контрола и безбедност при патувањето, како и можност за подобрување на профитабилноста на компаниите! UNIQA Осигурување го воведе својот нов производ  КАСКО ПЛУС. Сите оние кои ќе склучат тригодишен договор за Каско осигурување со траење од три години ќе добијат и голем број бенефиции како бесплатен ГПС уред, бесплатна инсталација како и попуст на претплатата. ГПС локаторот може да се користи за лична употреба и при тоа овозможува увид и различни видови на известувања на вашето возило со што се зголемува неговата безбедност – полесно пронаоѓање на возилото при кражба и други поволности и извештаи. Додека компаниите кои ќе го вградат UNIQA ГПС системот ќе имаат опции за зголемена контрола врз возниот парк како и подобрување на продуктивноста и работната дисциплина, а исто така ќе се спречи и неавторизирано користење на возилата во рамките на  компанијата. Сето ова ќе доведе до намалување на трошоците за гориво, сервис и осигурување на возниот парк на компанија која го поседува ГПС уредот, воедно зголемувајќи ја и нивната сигурност. „Среќни сме што на пазарот воведуваме нов производ кој се надеваме за кратко време ќе наиде на голем интерес кај нашите клиенти. Придобивките се навистина огромни, а искуствата од другите земји каде веќе се користи оваа ГПС услуга се на завидно ниво. Со негова помош лесно ќе се следи локацијата на возилото во живо, се креираат извештаи за местата на посети, времетраење на секое застанување, потрошувачка на гориво, известување за влегување и  излегување од определена зона, известување за надминување на максималната брзина на делницата од патот, информации за нагло сопирање и забрзување и многу други придобивки кои следуваат со Каско осигурувањето на моторни возила. Сметаме дека со новиот продукт Каско Плус, UNIQA Осигурување, ќе понуди исклучителен производ кој ни овозможува многу добра основа за нашиот понатамошен развој“, изјави Босилка Димитрова, член на Управниот одбор на УНИКА а.д. Скопје и одговорна за развојот на нови осигурителни производи.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија