Катарскиот бензин нема да се точи во Македонија?
Објавено во: Економија 06 Февруари, 2013
Инвестициите во повеќе бензински пупми во Скопје и Македонија најавени од катарската компанија Катар Фјуел, најверојатно ќе останат само најава, оти според извори на Фактор, реално немало можност како да се реализира инвестицијата. Владини извори за Фактор брифираат дека Катарците биле заинтересирани за изградба на околу 20 бензински пумпи во земјава, за што веќе и одбрале локации кои сакале да ги купат оддеднаш, што е речиси невозможно, оти земјиштето не било целосно државно. Повеќето од парцелите на кои е предвидено да се градат бензинските станици е делумно државно, но дел им припаѓа и на општините, што значи дека невозможно е на електронско јавно наддавање, како што вообичаено се продаваат парцелите, една компанија да ги купи сите локации.
Според истите извори, за овој проблем можеби и би било возможно да се најде решение , но во тој случај, Собранието ќе треба да донесе посебен закон меѓу двете држави.
Но, според истите извори, во Владата се уште не се одлучиле за ваков чекор оти сметале дека сепак, носење на нов Закон е преголем чекор за инвестиција од само 20 бензински станици. Опцијата сепак останува отворена, доколку Катарците реализираат некоја поголема инвестиција во земјава.Во меѓувреме, Владата објави дека веќе обезбедила чисти локации за изградба на бензински станици и придружни услужни објекти долж Коридорт 10, но и покрај магистралните и регионалните патишта. Станува збор за 13 парцели, чија продажба ќе се реализира наскоро. Оттаму нема официјален одговор дали Катарците пројавиле интерес за купување на овие локации, но велат дека се во постојани разговори со нив за повеќе инвестиции во земјава, меѓу кои и петролејскиот бизнис.
Инвестициите на Катарците се уште неизвесни?
Претставници на Катар Фјуел во мај минатата година беа во посета на земјава заедно со група катарски бизнисмени со цел да го скенираат пазарот и можностите за инвестирање. Освен за изградба на бензински станици, тогаш се споменуваа и потенцијални инвестиции во изградба на депо за гориво со што би се опслужувал регионалниот пазар на Балканот.
„Се разгледуваат можностите за инвестирање во бензински пумпи,можностите за преработка на храна, за да може потоа да се продава во Катар и во другите земји на Блискиот Исток. Се разгледуваше и можноста за докапитализација на ЕЛЕМ за која се заинтересирани и Катар холдинг и Катар петролеум“, беше речено тогаш од владини претставници.
Катарците пројавија интерес и за воведување директен лет меѓу Доха и Скопје со потенцијална трета дестинација, слично како тоа што го имаат направено со земјите во регионот. Делегацијата на инвеститори од Катар беше заинтересирана и за изградба на комерцијални станбени објекти, хотели во близината на Скопје, како што е касарната Илинден. Но, како клучна се сметаше најавата за докапитализација на ЕЛЕМ, односно купување на пакет до 49 отсто од сопственоста на компанијата. Иако неодамна во Катар замина македонска делегација од претседателот Иванов и министерот за економија, сепак се уште нема најава за конкретна реализација на некоја од инвестициите. Во меѓувреме катарскиот премиер соопшти дека е одлучено земјата да инвестира и до милијарда евра во заедничкиот фонд со Атина, а најава за инвестиции стигна и во Хрватска. Медиумите таму пишуваа дека Емирот на Катар сакал да вложи милијарди евра во изградба на терминал за течен природен гас на островот Крка. С.Н.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.