Катица Јанева го тужи Боки 13
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2020
Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка го тужи Бојан Јовановски - Боки13 затоа што нелегално ја снимал во нејзиниот дом. Јовановски е првообвинет во случајот „Рекет“ за кој денеска во Кривичниот суд продолжи презентирањето на дополнителните докази. Тужбата од Јанева притоа беше презентирана во судницата.
Пред присутните кога се презентираа материјални докази била објавена фотографијата од Јанева како седи во дневната соба од нејзината куќа, а пред неа се гледаат банкноти евра.
По фазата на презентирање на доакзи следуваат и завршни зборови.
Судењето почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. Пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.