ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2024
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на 30-от партиски конгрес изјави дека СДСМ ќе ja вратат на победничките патеки.
Вели дека нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија. Наведе дека е потребно многу работа. Филипче вели дека да се води државотворна партија е посложено од операција. Рече дека со многу критики се согласува и тие ќе бидат водилка.
„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“, кажа Филипче.
Вели дека поразот на изборите, не е крај, туку нова шанса.
„Точно е дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб, граѓаните сакаат ефикасна држава“, додаде Филипче.
Вели дека биле сервилни кон коалицискиот партнер, не се справиле до крај со криминалот на претходниците. За Радмила Шекеринска кажа дека е прва жена од Балканот која ќе биде втор човек на моќниот воен сојуз НАТО. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни кон народот. Повика СДСМ да делува во духот на социјал-демократските вредности.
фото принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.